Предупрадување : На поставувајте продолжни кабли или мобилни штекери на позадината
на апаратот.
Не користете продолжни кабли или незаземјени штекери или адаптери.
Опасност : Ризик од заглавување на деца. Пред да го исфрлите вашиот стар фрижидер,
треба да ги извадите неговите врати, а полиците да ги оставите, така што не би останало
место за дете да влезе во апаратот.
Фрижидерот мора да биде исклучен од струјниот извор пред неговата инсталација или
инсталација на одредени додатоци.
Средството за ладење и материјалот циклопентан кои се користат во апаратот се
запалливи. Затоа, апаратот треба да се чува настрана од било каков извор на топлина и да
се предаде на специјална компанија за репарирање со соодветна квалификација, за да се
избегне оштетување и загрозување на животната околина.
Неопходно е да сите клучеви за вратите од фрижидерот се чуваат надвор од дофат на
деца, за да се избегне нивно заклучување во апаратот.
За ЕУ стандарди : Овој апарат е наменет за употреба од страна на деца над осум години и
лица со намалени физички, сензорни или ментални капацитети, или недостиг на искуство
и знаење, доколку тие се под надзор и им се дадени прецизни упатства за правилна и
безбедна употреба на овој апарат, и ги разбираат ризиците кои настануваат поради
непочитување на овие упатства. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и
одржувањето на апаратот не смее да биде направено од страна на деца кои не се под
надзор. Деца од 3 до 8 години не смеат да го полнат или празнат фрижидерот.
За да избегнете труење или расипување на храната, Ве молиме следете ги следните
упатства :
-
Отворањето на вратата на долги периоди може да предизвика значително
зголемување на температурата на внатрешноста на фрижидерот.
-
Површините кои доаѓаат во допир со храна или системите за дренажа чистете ги
редовно.
-
Доколку садовите за вода не се користени повеќе од 48 часа веднаш исчистете ги.
Системот за вода исчистете го доколку не е користен повеќе од 5 дена.
-
Свежо месо и риба чувајте во одделни садови во фрижидерот, за да не доаѓаат во
контакт со друга храна.
-
Одделот за замрзната храна со 2 ѕвезди е соодветен за складирање на претходно
замрзната храна, складирање или правење на сладолед и правење на ледени коцки.
-
Одделите со 1, 2 или 3 ѕвезди не се соодветни за замрзнување на свежа храна.
-
За апарати без оддел со 4 ѕвезди, овој апарат не е соодветен за замрзнување на храна.
-
Доколку фрижидерот е оставен празен на подолг период, исклучете го, одмрзнете го,
исчистете го, исушете го и оставете ја вратата отворена за да спречите формирање на
непријатен мирис во внатрешноста на апаратот.
-
За апарат кој слободно стои : овој апарат за ладење не е наменет за користење во
вградени елементи.
-
Било каква промена или одржување на ЛЕД светилката е наменета да биде направена
од страна на производителот, неговиот овластен сервис или слично квалификувано
лице.