Alpine AS 5148 Li Manual De Uso Y Mantenimiento página 209

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 89
6.4 ЗАСТАНУВАЊЕ
За да ја застанете машината, ослободете 
ја рачката за палење (сл. 8.B).
ВАЖНО  Ако треба да се оддалечите 
од машината, извадете ја батеријата.
6.5 СОВЕТИ ЗА РАБОТА
• Расчистувањето на снегот е поефикасно 
кога тој е уште свеж. Поминете неколку 
пати по зоните што веќе сте ги исчистиле 
за да ги расчистите остатоците од снег.
• Ако е можно, исфрлајте го снегот 
во правецот на ветрот. Проверете 
го растојанието и правецот на 
расфрлање на снегот.
• Ако има силен ветер, спуштете го 
дефлекторот за да го насочува снегот врз 
земјата со што се намалува можноста 
ветрот да го разнесе во несакан правец.
• На крајот на работата, оставете ја 
машината да работи уште неколку 
секунди за да избегнете формирање 
мраз кај отворот за исфрлање.
6.5.1 Исушен и нормален снег
Снег висок до 20 см може да се расчисти 
побрзо ако се работи со рамномерна 
брзина. Ако снегот е повисок и тежок, 
намалете ја брзината и оставете ја 
машината да работи во свој ритам.
6.5.2 Мокар и набиен снег
Напредувајте полека. Избегнувајте 
да го користите задното сечиво за 
отстранување на набиен снег и мраз.
ВАЖНО  Интензивната работа со 
машината на мокар и набиен снег може 
да предизвика дефект на лежиштата 
за ножевите за расчистување.
6.6 ПО РАБОТАТА
• Веднаш извадете ја батеријата 
од нејзиното место.
• Исчистете го со лопатка целиот снег 
што останал на машината (пас. 8.2).
• Поместете ги сите команди 
напред и назад неколку пати.
• Затегнете ги шрафовите што се 
разлабавиле во текот на работата.
• Проверете дали деловите се разлабавени 
или оштетени. Ако е неопходно, 
заменете ги оштетените делови.
Не покривајте ја машината
додека не се излади моторот.
7. ПОЛНЕЊЕ И ГРИЖА
ЗА БАТЕРИЈАТА
• Батеријата треба да се чува во средина 
и на температура меѓу +7° и + 40°C. Во 
случај кога се поставува во машината 
во средина каде има можност да се 
надминат овие ограничувања, потребно 
е да се извади батеријата и да се 
постави одново на соодветно место. 
• За време на употребата, батеријата е 
заштитена од комплетно празнење преку 
заштитниот уред кој што ја исклучува 
машината и ја блокира работата.
• Батеријата се доставува со заштита што го 
прекинува полнењето ако температурата 
во средина не е меѓу 0 и +45 °C.
• Батеријата може да се полни во 
секој момент, дури и делумно 
без ризик од оштетување.
Проверка на состојбата на батеријата
За да го проверите статусот на 
наполнетост на батеријата, притиснете 
го копчето(сл. 11.A) коешто активира 
три ЛЕД-светилки (сл. 11.B) коишто 
го посочуваат следното:
ЛЕД-
светилка
4
100%
ЗЕЛЕНИ
3
70%
ЗЕЛЕНИ
2
45%
ЗЕЛЕНИ
1
10% - Наполнете ја батеријата
ЗЕЛЕНА
Ништо
Батеријата е полна под 10% и 
треба веднаш да се наполни.
Ако и по 30 минути не засвети 
ниту една ЛЕД-светилка, тоа 
значи дека батеријата има 
дефект и треба да се замени.
Полнењето на батеријата трае 1.5 - 3.5 часа 
во зависност од капацитетот на батеријата 
и на преостанатото полнење во неа.
Полнењето (5) е дијагностичко, со 
ЛЕД-светилки што ги обезбедуваат 
информациите за состојбата на наполнетост 
на батеријата, согласно следната табела:
MK - 10
Полнење на батеријата
loading

Este manual también es adecuado para:

St 515 li