Milwaukee M12 BHCS3L Manual Original página 66

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 24
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Тип
Производен број
Напон на заменливата батерија
Содржина на резервоарот
Количина на проток 1 / 2 / 3
Растојание за прскање
Максимален работен притисок
Преостанатa содржина на резервоарот
Ширина на решетката на филтерот за полнење
Ширина на решетката на филтерот за вшмукување
Тежина на основниот уред
Тежина кога уредот е празен (вклучувајќи основен уред, резервоар, заменлива батерија 2,0 ... 6,0 Ah)
Работна тежина (вкл. 3,7 литри течност на 20 °C со акумулатор 2.0)
Препорачана температура на околината за време на работа
Препорачани типови на заменливи батерии
Препорачан полнач
Информации за бучавата
Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 62841.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. / Несигурност K
Ниво на јачина на звук. / Несигурност K
Носте штитник за уши.
Информации за вибрации:
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки)
пресметани согласно EN 62841.
Вибрациска емисиона вредност a
/ Несигурност K
h
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод
на тестирање даден во EN 62841 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се
користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за поинакви
примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може значително
да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е
вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.:
одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни
упатства, инструкции, илустрации и спецификации за овој
електричен алат. Недоследно почитување на подолу наведените
упатства можe да предизвика електричен удар, пожар и/или
сериозни повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за употреба.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА РАЧНА ПРСКАЛКА ЗА
ХЕМИКАЛИИ
За да се минимизира ризикот од пожар и експлозија, не прскајте
запаливи течности, како на пример бензин.
Од суштинско значење е да се почитуваат инструкциите за
употреба, чистење и складирање на производителот на течноста
за прскање. Секогаш чувајте хемикалии подалеку од дофат на
деца.
Не прскајте течности чии опасности не знаете.
За заштита од течноста за прскање носете соодветна заштитна
опрема, како што е респираторна маска за апликации за
прскање, заштитни ракавици и друга заштитна облека.
За чистење на уредот не користете запаливи растворувачи или
абразиви.
Заштитете ги очите од течноста за прскање. Ако течноста за
130
M12 BHCS3L
Рачна прскалка за хемикалии
4914 65 01 XXXXXX MJJJJ
12 V
3,7 l
0,38 / 0,76 / 1,14 l/min
5,2 m
5,51 bar / 551 kPA
40 ml
Ø 1,7 mm x 248
Ø 0,3 mm x 460
2,87 kg
3,3 ... 3,5 kg
7,0 kg
0...+51 °C
M12B...
C12C; M12-18...; M12C4; M12TC
57 dB(A) / 3 dB(A)
68 dB(A) / 3 dB(A)
0,289 m/s
/ 1,5 m/s
2
прскање влезе во очите, веднаш исплакнете ги очите со чиста
вода. Ако очите се уште се иритираат после испирање, веднаш
побарајте медицинска помош.
Исклучете ја погонската единица од резервоарот за да се
наполни и испразни.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Внимавајте на опасностите од материјалот што го прскате и
погледнете ја етикетата на садот или информациите дадени од
производителот на материјалот што го прскате.
За време на процесот на прскање чувајте ги другите луѓе, деца
и миленици.
Пред прскањето бидете сигурни дека стапчето за прскање
и неговата рачка се правилно поврзани. Ако е потребно
прицврстете го стапчето за прскање со клешти кон неговата
рачка.
По пополнувањето на течност за прскање во резервоарот,
проверете дали капакот на резервоарот правилно седи и е
заклучен.
Користете само хемикалии за домаќинство и градина на база на
вода.
Не користете комерцијално достапни или индустриски хемикалии.
МАКЕДОНСКИ
Не користете во оваа прскалка нагризувачки (алкални) течности,
течности кои се само-загреваат или корозивни (кисели) течности.
Таквите течности можат да предизвикаат корозија на металните
делови или да го оштетат резервоарот и цревото.
По употребата на уредот, не оставајте течност во резервоарот.
Исчистете го уредот по секоја употреба.
Не полнете го резервоарот со жешки или зовриени течности.
Таквите течности можат да го оштетат цревото или резервоарот.
Не наполнувајте го резервоарот премногу.
Проверете дали резервоарот не истекува. Пред употреба на
уредот истекувањето мора да биде запечатено.
Подрачјето за прскање мора да биде добро проветрено.
Пред секоја употреба проверете го уредот однадвор и одвнатре.
Течноста за прскање треба да има иста вискозност како водата.
Густите течности се испрскаат тешко.
Ако е потребно, промешајте ја однапред течноста за прскање и
истурете ја во резрвоарот со инка.
Не прскајте блиску до искри, отворен пламен или други извори
на палење.
Не прскајте во правец на луѓето или животните. Секогаш прскајте
во насока на ветерот.
Не пушите, јадете или пијте за време на прскањето.
Не прскајте директно на кожата.
Избегнувајте контакт на кожата со течноста за прскање. Во случај
на случајно допирање на течноста за прскање со кожата, веднаш
измијте ја погодената површина со многу сапун и вода.
2
Насочете ја распрсната млазница директно на растенијата или
предметите што сакате да ги попрскате.
Бидете сигурни дека течноста за прскање се прска само таму
каде што не може да наштети.
Не прскајте кога дува силен ветар. Инаку, течноста за прскање
може да падне на растенија или предмети што не треба да се
прскаат.
За време на употребата рачката на стапчето за прскање може
да остане во држачот или да се извлече од држачот и да ја држи
операторот.
Опасност од електричен шок Не насочувајте ја струјата на
течноста кон електрични контакти.
По употребата на уредот, секогаш измијте ги рацете и другите
делови од телото кои се биле во контакт со течноста за прскање.
Одржувајте го уредот во добра работна состојба. Пред да го
користите, проверете го уредот однадвор и однатре, како и
неговите делови. Проверете го уредот за кршливи или истрошени
црева, протекување, затнати млазници или оштетени делови. Ако
уредот е оштетен, поправете го пред употреба. Многу несреќи се
предизвикани од лошо одржувани уреди.
Носете лична заштитна опрема (PPE) препорачана од
производителот на течноста за прскање.
За да избегнете случајно пуштање на уредот, извадете ја
заменливата батерија пред празнење, чистење или чување на
уредот.
Промешајте ја течноста за прскање само во согласност со
упатствата на производителот. Несоодветните соодноси на
мешање може да предизвикаат токсични гасови или експлозивни
раствори.
Овој уред не смее да го користат деца или лица со намалени
физички, сензорни или ментални способности или недостаток на
искуство и знаење или познавање на овој прирачник. Може да
постојат локални прописи за минимална возраст на операторот.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем M12 за полнење на батерии од M12
систем. Не користете батерии од друг систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт со
исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт
со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително
одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Рачната прскалка е дизајнирана за надворешна употреба во
добро проветрени површини.
Оваа прскалка се користи за прскање на хемикалии за
домаќинство и градина, кои се погодни за крајните корисници,
како на пример:
• пестициди
• селективни хербициди
• неселективни хербициди
• инсектициди
• фунгициди
• ѓубрива
• Третмани за заштита на растенијата
Оваа прскалка може да се користи само за производи за
заштита на растенијата кои се одобрени од страна на локалните/
националните власти.
Не користете го уредот за прскање на запаливи течности.
Користете само агенси кои се погодни за прскање со преносни
уреди.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може да
настанат следните опасности, на кои операторот треба особено
да внимава:
Опасност од електричен шок Не насочувајте ја струјата на
течноста кон електрични контакти, кабли или електрични апарати.
Контакт со опасни материи. Течностите за прскање можат
да предизвикаат повреди при вдишување, голтање или при
контакт со кожата или со очите. Следете ги инструкциите во овој
прирачник и носете соодветна заштитна опрема.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Наизменични батерии кои што подолго време не биле
употребувани пред употреба да се наполнат.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на
високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
МАКЕДОНСКИ
131
loading