• Немојте да поправате или заменувате делови од уредот,
освен ако тоа не е посебно препорачано во упатството.
Секоја друга поправка треба да ја изврши квалификуван
техничар.
• Немојте да ставате или пуштате тешки предмети врз
плочата за готвење.
• Немојте да стоите врз плочата за готвење.
• Не користете садови со груби рабови и не ги влечете по
површината на индукционото стакло бидејќи може да се
изгребе стаклото.
• Не користете жици или какво било силно абразивно
средство за чистење на плочата за готвење, бидејќи
може да се изгребе индукционото стакло.
• Уредот е наменет за употреба во домаќинството и за
слични намени, како: - кујни за вработените во
продавници, канцеларии и други работни опкружувања;
- селски домаќинства; - за гости во хотели, мотели и
други објекти за сместување; - за објекти кои нудат
услуги на преноќевање со појадок.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уредот и неговите достапни делови
стануваат многу врели во текот на употребата.
• Треба да се обидете да избегнувате допирање на
загреаните елементи.
• Уредот треба да биде надвор од дофат на деца помлади
од 8 години, освен ако не се под постојан надзор.
8