Skil 7280 Manual Original página 102

Ocultar thumbs Ver también para 7280:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 35
- Намонтирајте ја кутијата за прашина K како што е
прикажано на 8 а.
За употреба на правосмукалка 9
- поставете адаптер за правосмукалка L, како што е
прикажано
- поврзете го цревото за чистење со правосмукалка
L
Прекинувач за вклучување/исклучување
- алатот вклучете/исклучете го со поместување на
прекинувачот F 2 напред/назад
! алатот треба да го вклучите пред брусната
површина да го допре местото каде ќе
работите
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
Контрола на брзината q
За оптимални резултати на стругање на различни
материјали
- со тркалцето J 2 можете да ја подесите саканата
брзина на брусењето
- прилагодете ја брзината со рапавоста која се
користи
- пред да започнете со работа, најдете ја
оптималната брзина и големина на решетката со
тестирање врз непотребен материјал
Држење и насочување на алатот w
! додека работите, секогаш држете го алатот
за местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- држете го алатот паралелно со површината која ја
обработувате
! не применувајте многу притисок врз алатот
и оставете ја површината за чистење да ја
заврши работата за вас
- не го навалувајте алатот за да избегнете појава на
несакани траги од брусењето
- отворите за ладење M 2 држете ги отворени
Overload Alert e
Го предупредува корисникот при примена на
претеран притисок врз алатот, додека работи
(пресилен притисок го намалува резултатот од
брусењето)
- црвеното светло се пали во случај на пресилен
притисок
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
За брусење закривени површини како и за брусење
со голема моќ за отстранување, користете го алатот
во комбинација со потпорна подлошка B y
Користете го алатот со делта-врвот насочен напред
за закосени, тесни и други тешко достапни места r
Кога делта-врвот е изабен или оштетен на врвот,
може да му го продолжите рокот на употреба за
двапати ако го извадите, го свртите за 120° и да
го вратите на место (применливо е и за делта-
шмирглата за пескарење) u
Никогаш не користете ја истата брусна хартија и за
дрво и за метал
Препорачана рапавост на брусната хартија:
- користете груба шмиргла (40, 60) за отстранување
боја и за брусење на исклучително грубо дрво
- користете средно груба шмиргла (80, 100, 120) за
брусење грубо или мазно дрво
- користете фина шмиргла за мазнење на дрво
и површини со стара боја, како и за завршна
обработка на голо дрво (180, 240, 320)
Користете разни големини на шмиргли кога
површината е груба:
- започнете да пескарите со груба или средна
шмиргла
- завршете со фината шмиргла
За повеќе информации видете на www.skil.com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
Овој алат не е наменет за професионална употреба
Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење M 2 )
- со четкичка отстранете ја насобраната прашина од
брусењето
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
Имајте предвид дека оштетувањето настанато
заради преоптоварување или неправилно ракување
со алатот ја отфрла гаранцијата (видете на
www.skil.com или прашајте го продавачот за условите
на гаранцијата на SKIL)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Не се ослободувајте од електични алати,
уреди или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот 5 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
Измерено во согласност со EN 62841, нивото на
звучен притисок на оваа алатка е 80,5 dB(A) и нивото
на звучна моќност 91,5 dB(A) (несигурност K = 3
dB), и вибрацијата 7,8 m/s² (триакс векторна сума;
несигурност K = 1.5 m/s²)
Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
62841; може да се користи за да се спореди еден
алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
на вибрации кога се користи алатот за споменатите
примени
- користењето на алатот за разни примени, или со
различни или неправилно чувани делови, може
102
loading