Hisense HAF2900D Manual De Instrucciones página 45

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 189
Упатство за контролниот панел
Копче 1
– Копче за вклучување
Откако ќе ги ставите и двата сада правилно во главното куќиште, светнува индикаторот за
напојување. Изберете го копчето за вклучување за да го префрлите апаратот во режим на
подготвеност. Откако ќе го изберете садот што ќе го користите, притиснете го копчето за
вклучување по втор пат, за да започнете со процесот на готвење.
Копче 2
– Копче за однапред зададени вредности
Со избирање на ова копче, може да пребарувате и да изберете еден од 8-те популарни начини
на готвење (од 17 до 24). Со одбирање на саканата функција, се подесуваат однапред
зададените време и температура на готвење.
Копче 3
– Копче за левиот сад
Допрете го копчето за левиот сад. Ќе светне знакот на копчето на функцијата на левата страна
на фритезата. Менито автоматски се префрла на првото мени (помфрит), а индикаторот за
помфрит трепка. Знакот за левиот сад на контролниот панел ќе трепка и наизменично ќе ги
прикажува стандардната температура и време за програмата за помфрит. Кога ќе се прикаже
температурата, индикаторот за температура во горниот лев агол на екранот постојано ќе свети.
Кога ќе се прикаже времето, индикаторот за времето во долниот лев агол на екранот постојано
ќе свети. Ако го притиснете и го држите копчето за левиот сад притиснато 2 секунди, може да го
откажете изборот на левиот сад и апаратот ќе се врати во режим на подготвеност.
Копче 4
– Копче за десниот сад
Допрете го копчето за десниот сад. Ќе светне знакот на копчето на функцијата на десната
страна на фритезата. Менито автоматски се префрла на првото мени (помфрит), а индикаторот
за помфрит трепка. Знакот за десниот сад на контролниот панел ќе трепка и наизменично ќе ги
прикажува стандардната температура и време за програмата за помфрит. Кога ќе се прикаже
температурата, индикаторот за температура во горниот лев агол на екранот постојано ќе свети.
Кога ќе се прикаже времето, индикаторот за времето во долниот лев агол на екранот постојано
ќе свети. Ако го притиснете и го држите копчето за десниот сад притиснато 2 секунди, може да
го откажете изборот на левиот сад и апаратот ќе се врати во режим на подготвеност.
Копче 5
и копче 6
Со копчињата 5 и 6 може да ја зголемувате или намалувате температурата на готвење за
левиот сад за 5 °C. Температурата се менува брзо со притискање и држење на копчето
– копчиња за контрола на времето и температурата на левиот сад
36
loading