Stiga CS 48 Li 14 Manual De Instrucciones página 194

Motosierra de cadena alimentada por batería portátil
Ocultar thumbs Ver también para CS 48 Li 14:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 101
Вашата лева дланка да е поставена на
предната дршка, додека палецот треба
да биде поставен од долната страна.
ВКЛУЧУВАЊЕ
• Пред да ја вклучите пилата,
поставете ги батериите.
• Вклучете го копчето за вклучување/
исклучување (слика 44), со што
прекинувачот за вклучување ќе
почне со работа. Кога почнувате со
работа, поставете ги батериите.
• Вклучете ја машината: Притиснете го
копчето за безбедност (слика 4), и потоа
притиснете го прекинувачот (слика 5).
ИСКЛУЧУВАЊЕ
• Ослободете го копчето за вклучување
(слика 5) за да ја запрете пилата
АКТИВИРАЊЕ НА СОПИРАЧКИТЕ
НА ПИЛАТА
Погледнете ја сликата 22.
• Пред секоја употреба, проверете ја
состојбата на сопирачките на пилата.
• Вклучете ги сопирачките со помош на
левата рака на дршката, на начин што со
долниот дел ќе ја притиснете рачката на
сопирачките напред кон шипката додека
синџирот е во позиција на ротирање.
И двете раце треба постојано да бидат
поставени на дршките од пилата.
• Повторно активирајте ги сопирачките,
со притиснување на врвот од рачката
од сопрачките и повлекувајќи
ги кон предната дршка.
Доколку сопирачките не го запрат
работењето на пилата или пак не може
да се останат во активна позиција без
дополнителна помош, однесете го уредот
во овластен сервис на поправка.
ДРЖЕЊЕ НА ПИЛАТА
Секогаш внимавајте каде/како чекорите и
држете го уредот цврсто со двете раце.
ОСНОВНИ ТЕХНИКИ НА СЕЧА,
КАСТРЕЊЕ И ПОПРЕЧНО СЕЧЕЊЕ
Погледнете ја сликата 9.
СЕЧА НА ДРВА
Кога сечата на дрва или трупци се извршува
истовремено од две или повеќе лица,
сечата на дрвата треба да биде на доволно
растојание од теренот каде се врши сечењето
на трупци и тоа со растојание од најмалку
два пати поголемо од висината на дрвата кои
се сечат Дрвата не смее да сечат на начин
кој би ги загрозил другите лица, доводите
на услуги (кабли) или да оштетат имот.
Доколку дрвото случајно дојде во допир
со доводите на услуги, веднаш известете
ја фирмата која ги спроведува.
Лицето кое ја користи пилата треба стои
на повисоко место на теренот каде што
се врши сечата, бидејќи постои можност
исеченото дрво да се стркала или лизне
по теренот. Пред да се започна со сечата,
обезбедете пат за евакуација за во случај на
загрозена безбедност. Патот за евакуација
треба да се наоѓа назад и дијагонално
од теренот каде што се очекува дека
дрвото ќе падне. Пред да започнете со
сечата, проценете го природниот наклон
на дрвото, местоположбата на поголемите
гранки и насоката во која дува ветерот за
да предвидите каде ќе падне дрвото. Од
дрвото отстранете доколку има нечистотија,
излупена кора, клинови или пак спојувалки.
ЗАСЕКУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ДРВОТО
(ЗАСЕКУВАЊЕ ВО ДРВОТО ЗА ДА
СЕ НАСОЧИ НЕГОВИОТ ПАД)
Погледнете ја сликата 10.
Засечете го дрвото 1/3 во дијаметар, според
насоката во која ќе падне дрвото. Прво
направете пониско хоризонтално засекување
за да избегнете зафаќање на пилата или
насочувачот кога ќе го правите вториот засек
ПОСЛЕДНО ЗАСЕКУВАЊЕ ПРЕД ПАДОТ
НА ДРВОТО (ПОСЛЕДНОТО ЗАСЕКУВАЊЕ
ПРЕД ДА ПАДНЕ ДРВОТО, СЕ ПРАВИ НА
СПРОТИВНАТА СТРАНА НА ДРВОТО ОД
МЕСТОТО КАДЕ Е НАПРАВЕНО ПРВОТО
ЗАСЕКУВАЊЕ) Погледнете ја сликата
10.Направете го последното засекување на
висина од најмалку 50мм од хоризонталното
засекување. Последното засекување
треба да се направено паралелно на
хоризонталното засекување. Кога го правите
засекувањето оставете дел од дрвото
кое ќе има намена на шарка. Шарката ќе
препречи дрвото да не се сврти и да падне
во погрешна насока. Немојте да сечете
низ шарката. Кога дрвото ќе почне да се
наведнува кон шарката, тогаш веќе почнува
да паѓа. Доколку постои можност дрвото да
не падне во саканата насока или се наведне
на назад и го зафати синџирот на пилата,
престанете да сечете пред да го завршите
последното засекување и користите остатоци
од дрвото, пластика или алуминиум да го
отворите засекувањето и да го насочите
дрвото да падне во саканата насока. Кога
дрвото ќе почне да паѓа, отстранете ја пилата,
исклучете го моторот, спуштете ја пилата
8

Solución de problemas

loading

Este manual también es adecuado para:

Cs 48 li 16