Технички Податоци - Milwaukee L4 SL550 Manual Original

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 13
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Номинална моќност
Волтажа на батеријата
USB Влез
Време на полење (3,0 A)
Светлосен ток (3,0 A)
високо ниво
ниско ниво
Модусодус спот високо ниво
Модусодус спот ниско ниво
Време на осветлување (3,0 A)
високо ниво
ниско ниво
Модусодус спот високо ниво
Модусодус спот ниско ниво
Индекс на репродукција на боја (CRI)
Температура на бојата
Заштитна класа
Тежина
Тежина со батерија
Препорачана температура на околината за време на работа
Препорачана температура на околината при полнење
Препорачани типови на заменливи батерии
ВНИМАНИЕ!
Прочитајте ги безбедносните
напомени и упатства. Заборавање на почитувањето на
безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за
во иднина.
СПЕЦИЈАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ ЗА
CВЕТИЛКА ЗА АКУМУЛАТОРОТ
Предупредување: никогаш не го насочувајте светлинскиот
зрак директно на лица ниту животни. Не гледајте во
светлинскиот зрак (не правете го тоа ниту од поголема
оддалеченост). Гледањето во светлинскиот зрак може да
предизвика сериозни повреди или губење на силата за
гледање.
Осигурите се дека светилката на батерија нема да
предизвика штета ако магнетот не може да ја држи
светилката на место.
СПЕЦИЈАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА БАТЕРИЈА
Користете само акумулаторски батерии Milwaukee од тип
L4B....
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во
контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода.
Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку
10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои
содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат
краток спој.
66
L4 SL550
Светилка за акумулаторот
4,5 W
4 V
5 V DC, 0,1 A - 2,1 A
120 min
550 lm
250 lm
250 lm
100 lm
2,0 h
4,5 h
2,0 h
5,0 h
> 80
4000 K
IP 52
0,33 kg
0,38 kg
-18 °C ... +50 °C
+5 °C ... +40 °C
L4B...
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Сијалицата на батерии може да се употребува и како
посебно расветно тело, без притоа да се користи продолжен
кабел.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ПРОЦЕС НА ПОЛНЕЊЕ
1. Поврзете го USB-кабелот со извор на струја, нпр. адаптер,
компјутер или контакт за полнење во автомобилот.
2. Отворете го USB-капачето за да ја откриете USB-портата.
СОВЕТ: секогаш затворајте го USB-капачето кога
светилката на батерија не се полни за да ја заштитите
USB-портата од прашина и влага.
3. Вметнете го приклучокот USB-C во портата USB-C.
4. Светлосниот прстен околу копчето за вклучување го
покажува статусот на полнење:
Пулсирачко црвено: полнење, 0-49 % наполнето
Пулсирачко жолто: полнење, 50-99 % наполнето
Светлечко зелено: 100 % наполнето
Трепкачко црвено/зелено: премногу ладно или влажно,
батеријата е неисправна или не е вметната батерија
Светлечко црвено: Превисока температура (премногу
топло)
Ако светлосниот прстен трепка црвено и зелено,
осигурите се дека батеријата е правилно вметната. За
оваа намена отстранете ja батеријата и повторно ставете
ја.
Ако светлото на светилката на батерија се намали и
светлосниот прстен свети постојано црвено, светилката на
батерија може да е премногу жешка.
Црвениот прстен свети додека светилката на батерија не се
олади. Штом светилката на батерија е во дозволениот опсег,
ќе се изврши нормално полнење и работа.
Ако проблемот продолжи, контактирајте со сервисен центар
за корисници на MILWAUKEE.
МАКЕДОНСКИ
ПРИКАЗ НА СОСТОЈБА НА ПОЛНЕЊЕ
Светлосниот прстен околу копчето за вклучување го
покажува статусот на полнење на батеријата:
Црвена трепкава светлина: преостанат капацитет < 3 %
Црвена стална светлина: преостанат капацитет 3-10 %
Жолта стална светлина: преостанат капацитет 11-49 %
Зелена стална светлина: преостанат капацитет 50-100 %
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да се одржуваат
чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од полначот за
батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии. Подготовките
за шпедиција и транспорт треба да ги вршат исклучиво
соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да
биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Изворот на светлина на оваа светилка не е заменлив; кога
изворот на светлина ќе го достигне крајот на својот животен
век, целата светилка мора да се замени.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж
на апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Да не се гледа во вклучен извор на светлина.
УСБ приклучок
Електрична заштита од класа III.
Овој алат е исклучиво за внатрешна употреба.
Никогаш не го изложувајте алатот на дожд.
Електричните апарати и батериите што се полнат
не смеат да се фрлат заедно со домашниот
отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата
за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или
кај специјализираниот трговски претставник,
каде има такви погони за рециклажа и собирни
станици.
Европска ознака за сообразност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
67
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido