6
5
Fig. 1: Преглед
1
Рачка/точка на подигнување
2
Куќиште на мотор
3
Хидраулично куќиште
4
Притисочна наставка
5
Пумпа, интегрирана во хидраулично куќиште
6
Вод за снабдување со струја
4.1.1
Хидраулика
Хидраулика за вртложење со работно коло со
слободно струење и хоризонтално прирабничко
поврзување од притисочната страна. Навртувањето е
интегрирано во притсочната наставка.
Хидрауликата не е самовшмукувачка, односно
медиумот мора да тече самостојно или со
предпритисок.
НАПОМЕНА
Комбиниран приклучок за DN 50 и DN 65!
Rexa UNI V06 е опремена со комбиниран
приклучок DN 50/65. Приклучувањето е фабрички
нагодено на DN 65. За да се користи пумпата на
DN 50-приклучок, навртките се притискаат во
прирабницата кон внатре на малите отвори за
завртка. Прирабницата може во секое време да се
подеси на DN 65!
4.1.2
Мотор
Како погон се применуваат мотори со пасивно
ладење во монофазна и трифазна изведба.
Ладењето се изведува преку медиумот. Топлината на
моторот се предава од неговото куќиште директно
на медиумот што се транспортира. За време на
работа, моторот може да биде непотопен.
Упатство за вградување и работа Wilo-Rexa UNI
Опис на производот
1
2
3
4
4.1.3
4.1.4
4.1.5
Работниот кондензатор кај моторите со монофазна
струја е вграден во моторот. Кабелот за поврзување е
во следните изведби:
▪ Монофазна изведба:
– Со утикач со заштитен контакт
– Со утикач со заштитен контакт и вграден пливачки
прекинувач
▪ Трифазна изведба:
– Со слободен крај на кабелот
– Со CEE-приклучник со префрлување на фазите и
вграден пливачки прекинувач
Заптивање
Заптивањето се прави за транспортираниот медиум и
за просторијата на моторот со различна изведба:
▪ Rexa UNI V05: Од страната на моторот доаѓа заптивен
прстен на вратило, од страна на медиумот се
применува механичка заптивка.
▪ Rexa UNI V06: Се применува лизгачка механичка
заптивка на страната на моторот и медиумот.
Заптивната комора помеѓу двете заптивки е
наполнета со медицинско бело масло.
Материјал
▪ Куќиште на пумпа: PP-GF30
▪ Работно коло: PP-GF30
▪ Куќиште на мотор: 1.4301 (AISI 304)
▪ Вратило: 1.4401 (AISI 316)
▪ Заптивање од страна на медиумот: SiC/SiC
▪ Заптивање од страната на моторот: NBR (Nitril) (V05),
C/Cr (V06)
▪ Заптивање, статично: NBR (Nitril)
НАПОМЕНА! Во изведба на материјали „B", сите
делови што се допираат со медиумот се од
нерѓосувачки челик 1.4401 (AISI 316).
Вградена опрема
Пливачки прекинувач
Во „А" изведба, пумпата е опремена со еден
пливачки прекинувач. Преку пливачкиот прекинувач
можно е пумпата да се вклучи или исклучи
независно од нивото.
Утикач
Во „P" и „A" изведба, вграден е утикач со заштитен
контакт кај монофазни мотори и со CEE-приклучник
со префрлување на фазите кај трифазни мотори.
Приклучокот е направен за користење со
секојдневни шуко или СЕЕ-утикачи и не е отпорен на
вода.
mk
391