Технологија – Блендерот, садовите и чашите комуницираат преку безжична технологија. Секој сад е програмиран да работи на
базата за оптимални резултати според неговата големина и функционалност.
Стари садови од Vitamix – Старите садови од Vitamix нема да работат со базата на блендерот Ascent. Стари апарати се серијата C,
серијата G и серијата S на Vitamix. За повеќе информации за производите на Vitamix, посетете ја vitamix.com.
Копче за вклучување/исклучување (I/O) - Копчето за вклучување/исклучување (I/O) се наоѓа на десната страна од базата.
Копчето за вклучување/исклучување го контролира напојувањето на апаратот.
Режим на мирување - Блендерот ќе влезе во режим на мирување ако контролната табла не се користи 60 секунди. Екранот ќе
се затемни, а на контролната табла ќе се прикаже вртлог. Допрете некоја икона или свртете го тркалцето за брзина на контролната
табла за да излезе од режимот на мирување.
Работа со два допира - Контролната табла е дизајнирана да бара две интеракции на контролите за да го активира циклусот на
блендирање.
Откривање сад - Овој симбол
ќе се прикаже на контролната табла додека на базата на блендерот не се постави сад со капак.
Блендерот нема да работи додека садот со правилно прикачен капак не се постави на базата на моторот. На контролната табла ќе се
прикаже променлива брзина 1 кога ќе биде подготвен за користење.
Старт/Стоп ( I ) - Запрете го блендерот во секое време со притискање Старт/Стоп ( I )
Контрола за променлива брзина - Контролата за променлива брзина ви дава рачна контрола од променлива брзина 1 (најбавна)
до 10 (најбрза).
Пулсирање (
) - Кога ќе се притисне, сечилата ќе ротираат со брзината прикажана на контролната табла.
Користење на тајмерот - Тајмерот ќе почне да брои нагоре кога се користи променлива брзина додека не се притисне копчето
за Старт/Стоп. Секој сад е програмиран со одредено максимално време на работа. Блендерот ќе се исклучи автоматски кога ќе го
достигне максималното време на работа.
Програмирање време за блендирањето: оваа функција е достапна само кога се користи променлива брзина. Времињата на
програмите не можат да се менуваат со функцијата за тајмер. Оваа функција ќе одбројува од поставеното време и блендерот ќе се
исклучи автоматски. Притиснете ја иконата + за да го зголемите времето на блендирање. За да го намалите времето, притиснете ја
иконата -. Иконите + и - не работат за време на блендирањето. За да го прекинете, притиснете Старт/Стоп.
Програми - Иконите се наведени во рецептите на Vitamix. Блендерот ќе запре автоматски на крајот од програмата. Програмите
можат да се прекинат со притискање на Старт/Стоп во секое време. Времињата на програмите не можат да се менуваат со
функцијата за тајмер. Кога ќе се притисне Старт/Стоп во текот на некоја програма, блендерот ќе запре и ќе се прикаже променлива
брзина 1. Ако сакате да активирате некоја програма, изберете ја програмата и притиснете Старт/Стоп.
Напитоци
Замрзнати десерти
Кодови за грешка - Ако забележите код за грешка на екранот, запишете ги броевите што се покажуваат на екранот по кодот за
грешка. Повикајте ја Службата за корисници на Vitamix или продавачот за да ви помогнат да го решите проблемот.
Мотор - Моторот е направен да се заштити од прегревање. Ако блендерот не започне веднаш, проверете дали сте го вклучиле во штекер и дали копчето за вклучување/исклучување е поставено на вклучување.
Ако моторот се прегрее, оставете го да се излади околу 20-45 минути.
Совети за да спречите „преоптоварување" на блендерот:
•
Обработувајте само рецепти од Vitamix додека учите да го користите блендерот.
•
Не обработувајте рецепти на помали брзини од препорачаните.
•
Не обработувајте рецепти на поголеми брзини од препорачаните.
•
Не обработувајте рецепти подолго од препорачаното.
•
Користете ја мешалката за да обработувате погусти мешавини и за да овозможите движење на состојките околу и низ сечилата.
Мешалка - Капаците и мешалките не може да се користат кај различни стилови, типови и големини на садови. Користете ја мешалката што била доставена со блендерот.
Садот не смее да се полни повеќе од две третини кога се користи мешалка при блендирањето. За да избегнете прегревање, НЕ користете ја мешалката подолго од 30 последователни секунди.
All manuals and user guides at all-guides.com
д
е л О В и и к а ра к Т е р и с Т и к и
Супи
Сосови и преливи
Самостојно чистење
Откривање сад
Контролна табла на A3500i
Програми
Пулсирање
Контрола за
променлива
брзина
Копче за вклучување/
исклучување
Тајмер
Старт/Стоп
107