VOX electronics CES-8020 Manual De Usuario página 50

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 23
Употреба и одржување:
1) Пред секоја употреба целосно одмотајте го кабелот за напојување од уредот.
2) Не превртувајте го уредот додека е во употреба или е приклучен на електрична мрежа.
3) Исклучете го уредот од штекер кога не го користите и пред да започнете било какво
чистење на уредот.
4) Овој уред е наменет само за куќна употреба а не за професионална или индустриска
употреба.
6) Овој уред е наменет за употреба од страна на возрасни лица.
7) Не го складирајте уредот во вертикална положба.
8) Уредот чувајте го на суво место, без прашина и вон дирекна сончева светлина.
9) Никогаш не го оставајте уредот без надзор додека е во употреба.
10) Секоја злоупотреба и непочитување на упатствата за употреба ги прави гаранцијата и
одговорноста на производителот неважечки.
Употреба на уредот
1) Целосно одмотајте го кабелот пред да го приклучите.
2) Вклучете го кабелот од уредот во струен штекер.
3) Исечете го на пола цитрусното овошје кое ќе го цедите.
4) Уредот ќе се вклучи кога парчето цитрусно овошје кое сте го ставиле на цедалката за
цедење ќе ја притиснете надолу.
5) Уредот престанува со работа кога ќе го запрете притисокот на цедалката за цедење.
6) Тргнете ги цедалката за цедење и филтерот за да го испразните бокалот.
7) Сипете го сокот од бокалот во чаша и веднаш послужете.
8) Доколку цедите поголема количина овошје, морате повремено да го исчистите филтерот
и да ги отстраните остатоците од пулпата.
Чистење на уредот
- Исклучете го кабелот од уредот од електричниот штекер и оставете го да се олади
пред да започнете со чистење.
- Освен моторната единица и кабелот, сите останати делови можете да ги миете со
детергент и вода или со течност за миење. Темелно измијте за да ги отстраните сите
траги од детергентот.
- Деловите од уредот исчистете ги со влажна крпа со неколку капки сретство за миење,
а потоа исушете ги.
- Немојте да користите растворувачи или производи со киселина или pH база, како што
се избелувачи, или абразивни производи.
- Не го потопувајте уредот во вода или во било која друга течност и не ставајте го под
млаз вода.
- Препорачливо е редовно да го чистите уредот и да ги отстранувате остатоците од храна.
- Заштитниот капак, цедалките, филтерот и бокалот можете да ги миете во машина за
миење садови.
3
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido