- Проверете ја состојбата на елeктричниот кабел. Оштетените или превитканите кабли го
зголемуваат ризикот од струен удар.- Не допирајте го приклучокот со водени раце.
- Децата не смеат да го користат овој уред. Држете го уредот и неговиот кабел за
напојување вон дофат на деца.
- Уредот можат да го користат лица со ограничени физички, сензорни или ментални
способности, или лица со недостаток на искуства и знаење само ако се под надзор на
нивните одговорни лица, или ако им се дадат упатства за употреба на уредот а при тоа
да се свесни за потенцијалните опасности.
- Децата не смеат да си играат со овој уред.
- Оштетениот кабел за напојување мора да го замени производителот, овластен сервис
или квалификувани лица, за да се избегне опасност.
Употреба и одржување:
1) Пред секоја употреба целосно одмотајте го кабелот за напојување од уредот.
2) Не превртувајте го уредот додека е во употреба или е приклучен на електрична мрежа.
3) Исклучете го уредот од штекер кога не го користите и пред да започнете било какво
чистење на уредот.
4) Овој уред е наменет само за куќна употреба а не за професионална или индустриска
употреба.
6) Овој уред е наменет за употреба од страна на возрасни лица.
7) Не го складирајте уредот во вертикална положба.
8) Уредот чувајте го на суво место, без прашина и вон дирекна сончева светлина.
9) Никогаш не го оставајте уредот без надзор додека е во употреба.
10) Секоја злоупотреба и непочитување на упатствата за употреба ги прави гаранцијата и
одговорноста на производителот неважечки.
Употреба на уредот
1) Целосно одмотајте го кабелот пред да го приклучите.
2) Вклучете го кабелот од уредот во струен штекер.
3) Исечете го на пола цитрусното овошје кое ќе го цедите.
4) Уредот ќе се вклучи кога парчето цитрусно овошје кое сте го ставиле на цедалката за
цедење ќе ја притиснете надолу.
5) Уредот престанува со работа кога ќе го запрете притисокот на цедалката за цедење.
6) Тргнете ги цедалката за цедење и филтерот за да го испразните бокалот.
7) Сипете го сокот од бокалот во чаша и веднаш послужете.
8) Доколку цедите поголема количина овошје, морате повремено да го исчистите филтерот
и да ги отстраните остатоците од пулпата.
Чистење на уредот
- Исклучете го кабелот од уредот од електричниот штекер и оставете го да се олади
пред да започнете со чистење.
- Освен моторната единица и кабелот, сите останати делови можете да ги миете со
детергент и вода или со течност за миење. Темелно измијте за да ги отстраните сите
траги од детергентот.
- Деловите од уредот исчистете ги со влажна крпа со неколку капки сретство за миење,
а потоа исушете ги.
- Немојте да користите растворувачи или производи со киселина или pH база, како што
се избелувачи, или абразивни производи.
- Не го потопувајте уредот во вода или во било која друга течност и не ставајте го под
млаз вода.
- Препорачливо е редовно да го чистите уредот и да ги отстранувате остатоците од храна.
- Заштитниот капак, цедалките, филтерот и бокалот можете да ги миете во машина за
миење садови.
3