Electrolux EFT Serie Manual De Uso página 86

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 15
86
ВАЖНИ СОВЕТИ
Придржувајте се строго до упатствата
дадени во овој прирачник.. Ние
одбиваме билокаква одговорност за
билокаков проблем, штета или пожар
предизвикан на апаратот како резултат
на неследење на упатствата вклучени во
овој прирачник. Аспираторот е наменет
исклучиво за домашна употреба.
Предупредување! Да не го поврзувате
апаратот со електричното напојување
се додека монтажата не биде целосно
комплетна. Пред билокаква операција
за чистење или одржување, исклучете
го аспираторот од електричната мрежа
со вадење на струјниот приклучник или
со исклучување на домашниот мрежен
прекинувач. За сите операции за
монтажа и одржување да се користат
работни ракавици Овој апарат не е
наменет за користење од страна на
деца или лица со намалени физички,
сензорни или ментални способности,
или ако немаат искуство или знаење,
доколку не се под надзор или се имаат
обучувано за употреба на апаратот од
лице одговорно за нивната безбедност.
Треба да се внимава, децата да не си
играат со уредот. Никогаш не користете
го аспираторот ако ја немате правилно
монтирано решетката!
Аспираторот НИКОГАШ не смее да се
користи како површина за поддршка
доколку не е прецизно наведено.
Просторијата мора да биде доволно
проветрена кога кујнскиот аспиратор
се користи заедно со апарати кои
согоруваат гас или други горива.
Издувниот воздух не смее да се
предава во активен оџак за чад створен
од апарати кои согоруваат гас или
други горива. Строго се забранува
фламбирање на храната под самиот
аспиратор. Употребата на отворени
пламени е штетна за филтрите и
може да предизвика ризик од пожар
и поради тоа мора да се избегнува во
сите околности. Секое пржење мора
грижливо да се направи со цел да се
спречи да не дојде до презагревање на
маслото и пламнување. Пристапните
делови од аспираторот можат
значително да се загреат кога се
користи заедно уред за готвење. Што се
однесува до техничките и безбедносните
мерки за примена за исфрлање на
пареа важно е внимателно да се следат
правилата дадени од компетентните
власти. Аспираторот мора редовно да
се чисти како од внатрешноста така и
од надворешноста (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ
МЕСЕЧНО, во секој случај потребно
е да се постапува во согласност со
упатствата за одржување дадени во овој
прирачник). Ако не се следат упатствата
во однос на аспираторот и чистењето на
филтрите ќе доведе до ризик од пожари.
Да не го користите или оставате
аспираторот без правилно монтирани
сијалици поради можниот ризик од
електричен удар. Ние одбиваме
билокаква одговорност за билокаков
проблем, штета или пожар предизвикан
на апаратот како резултат на неследење
на упатствата вклучени во овој
прирачник.
УПОТРЕБА
Аспираторот е наменет да се користи
во филтрирачка верзија со внатрешна
рециркулација. Испарувањата и
пареите од готвењето се апсорбираат
во внатрешноста на аспираторот, се
филтрираат и прочистуваат поминувајќи
низ филтерот/филтрите за масти
и филтерот/филтрите на активен
јаглен со кои ТРЕБА да биде снабден
аспираторот.
МОНТАЖА
Главното струјно напојување мора
да одговара со оптегот покажан на
етикетата за карактеристиките ставена
внатре во аспираторот. Ако аспираторот
оди со приклучник поврзете го во
штекерот во согласност со струјните
прописи и позициониран на пристапно
место дури и по монтажата. Ако не е
снабден со приклучник (директна врска
со електричното напојување) или ако
приклучникот не е лоциран на пристапно
место, дури и по монтажата, применете
би-поларен прекинувач во согласност
со стандардите кој обезбедува
комплетно исклучување на електричното
напојување под услови поврзани со
преоптоварување на мрежата категорија
III, во согласност со упатството за
монтажа.
Предупредување! Пред (повторно)
поврзување на колото од аспираторот
со електричното напојување и
проверувањето на функционалноста,
секогаш проверете дали струјниот кабел
е правилно монтиран.
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido