Hitachi 70HL7300 Manual Del Usuario página 732

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 340
Информации од важност за животната
средина
Овој ТВ-уред е дизајниран како нештетен за
животната средина. За намалено трошење струја,
следете ги овие чекори:
Ако ја поставите опцијата Заштеда на енергија
на минимално, средно, максимално или
авто, ТВ-уредот ќе го намали трошењето
соодветно. Поставете го на Исклучено за да ја
исклучите поставката. Ако сакате да го поставите
позадинското светло на фиксна вредност, поставете
го на По мерка и осветете го Позадинското
светло (лоцирано под поставката Заштеда на
енергија) мануелно со копчињата Лево и Десно
на далечинскиот управувач.
Забелешка: Достапните опции за заштеда на енергија
може да се разликуваат во зависност од избраниот режим
во менито Поставки>Слика.
Поставката Заштеда на енергија се наоѓа во
менито Поставки>Слика. Имајте предвид дека
некои поставки на сликата нема да може да се
менуваат.
Можете исто така да го исклучите екранот со
опцијата Исклучи екран, ако сакате да го слушате
само звукот и нема потреба да гледате. Ако се
притискаат консекутивно десното или левото копче,
ќе се избере опцијата Исклучи екран и ќе се појави
следнава порака: „Екранот ќе се исклучи за 15
секунди.. Изберете Продолжи и притиснете OK за
веднаш да го исклучите екранот. Ако не притиснете
ниедно копче, екранот ќе се исклучи за 15 секунди..
Притиснете кое било копче на далечинскиот
управувач или на ТВ-уредот за повторно да го
вклучите екранот.
Забелешка: Опцијата Исклучи екран не е достапна ако
режимот е поставен на игра.
• Кога телевизорот не се користи, Ве молиме да
го исклучите од штекерот. Така ќе се намали или
сопре користењето енергија.
Карактеристики
• ТВ во боја со далечинско управување.
• Целосно интегриран дигитален земјен/кабелски/
сателитски ТВ-уред (DVB-T-T2/C/S-S2).
• Опција за инсталација на „Франсат"
• ХДМИ влезови за поврзување с о ХДМИ
приклучоци.
• USB-влез.
• OSD систем на мени.
• Стерео звучен систем.
• Телетекст
• Приклучок за слушалки.
• Систем за автоматско програмирање.
• Рачно пребарување
• Автоматско исклучување на струјата по изминати
осум часа.
• Стоперка за спиење
• Заклучување за деца.
• Автоматска безгласност на звукот кога нема
пренос.
• NTSC-репродукција
• АОЗ (Автоматско ограничување звук).
• PLL (барање фреквенции).
• Режим за играње (по избор).
• Функција „Исклучи слика".
• Снимање на програма (по избор)
• Временско променување на програма (по избор)
• Pixellence
• Ethernet (LAN) за интернет поврзување и услуги.
• 802.11 a/b/g/n вградена WLAN-поддршка
• Аудио-видео споделување
• HbbTV
Ultra HD (UHD)
Вашиот ТВ-уред поддржува Ултра HD (ултра висока
резолуција - позната и како 4K) што овозможува
резолуција од 3840 x 2160 (4K:2K). Тоа е еднакво на
4 пати поголема резолуција на Full HD ТВ-уред (ТВ-
уред со полна висока резолуција) со удвојување на
вкупниот број пиксели на Фул ХД ТВ, хоризонтално
и вертикално. Поддржана е содржината Ultra HD
преку изворни и купени апликации, влез HDMI,
USB(s) и преку емитувања DVB-T2 и DVB-S2.
High Dynamic Range (HDR) / Hybrid Log-Gamma
(HLG):
Користењето на оваа функција на ТВ-уредот
ќе репродуцира поголем динамичен распон на
осветленост со фаќање, а потоа и комбинирање на
неколку различни експозиции. HDR/HLG ветуваат
подобар квалитет на сликата благодарение
на посветли, пореалистично осветлување,
пореалистична боја и други подобрувања. Го дава
изгледот кој сакаат филмаџиите да го постигнат,
покажувајќи ги скриените обалсти со темни сенки
и светлина со целосна јаснотија, боја и детали.
HDR/HLG содржините се поддржани преку нативни
и портални апликации, HDMI, USB влезови и преку
DVB-S емитувања. Поставете го соодветниот влез
на HDMI извор на Нагласено од опцијата Извори
во менито Поставки>Систем или од менито
Извори>Поставки на извор за да гледате HDR/
HLG содржини, ако HDR/HLG содржините се
добиваат преку HDMI влез. Изворниот уред треба
да е најмалку компатибилен со HDMI 2.0a во овој
случај.
Македонски - 4 -
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido