ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да избегнете ризик од сериозна повреда кога го употребувате блендерот Vitamix®
треба да преземете основни мерки на претпазливост, вклучувајќи ги следниве. ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ
УПАТСТВА, МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА И ПРЕДУПРЕДУВАЊА ПРЕД ДА РАКУВАТЕ СО БЛЕНДЕРОТ.
1. Прочитајте ги сите упатства.
2. Не употребувајте го блендерот за ништо друго освен
за тоа за што е наменет.
3. Не е наменет за употреба од или близу деца или
лица со намалени физички, сензорни или ментални
способности, или кои немаат искуство и знаење.
Треба строг надзор кога се употребува каков
било блендер близу деца или лица со намалена
способност. Децата треба да бидат под надзор за да
се осигури дека не си играат со блендерот.
4. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се спречи ненамерно
активирање, исклучете го уредот и извадете го
кабелот од штекерот кога не го употребувате, пред да
ги ставате или вадите деловите и пред чистење.
5. ВНИМАНИЕ: За да се избегне опасност поради
ненамерно ресетирање на термалниот осигурувач,
блендерот не смее да се напојува преку екстерен
прекинувач, како на пример тајмер, или да е поврзан
во коло што постојано го вклучува и исклучува
претпријатието.
6. За заштита од ризик од струен удар, не ставајте ја
основата на блендерот во вода или во друга течност.
7. Секогаш проверувајте дали блендерот е ИСКЛУЧЕН
пред да го вклучите кабелот во штекерот за
напојување. За да го откачите, ИСКЛУЧЕТЕ го
блендерот, потоа отстранете го приклучокот од
штекерот за напојување.
8. Осветлени икони и бројки на командната табла
покажуваат дека е подготвен за употреба.
Избегнувајте ненамерен контакт со екранот на допир.
9. Избегнувајте контакт со подвижни делови.
10. Не работете со каков било блендер со оштетен
кабел или приклучок, или по неправилно работење
на блендерот, или откако паднал или бил оштетен
на кој било начин. Јавете се веднаш во службата за
клиенти на Vitamix на 0800 587 0019 или +1 440 235
проверка, поправање, заменување или подесување.
Ако е купен надвор од САД или Канада, контактирајте
го својот локален продавач на Vitamix.
11. Може да се поставени заштитни уреди за
диференцијална струја - автоматски прекинувачи
- во вашата кујна. Побарајте ги во штекерите близу
132
All manuals and user guides at all-guides.com
В
а ж н и у п аТ с Т В а з а б е з б е д н а у п О Т р е б а
лавабоата. Ако блендерот не функционира, извадете
го кабелот на блендерот од штекер. Ресетирајте го
ѕидниот штекер или автоматскиот прекинувач. Ако
автоматскиот прекинувач продолжи да се активира,
извадете го кабелот на блендерот од штекер.
Оставете го блендерот 24 часа пред да се обидете да
го употребувате повторно. Контактирајте ја службата
за клиенти на Vitamix ако продолжи проблемот.
12. Менувањето или модифицирањето на кој било дел
на блендерот, вклучувајќи и употребување на дел или
делови што не се оригинални делови овластени од
Vitamix, може да предизвика пожар, струен удар или
повреда и ќе ја поништи вашата гаранција.
13. Употребувањето додатоци што не се изречно
овластени или кои не ги продава Vitamix за
употребување со овој блендер, вклучувајќи и тегли
за чување, може да предизвикаат пожар, струен удар
или повреда. Ваквото употребување ќе ја поништи
вашата гаранција.
14. Не употребувајте го на отворено.
15. Не дозволувајте кабелот да виси преку работ на
масата или пултот.
16. Не ставајте ги основата на моторот или садот на или
близу врела рингла, во или на загреана рерна.
17. Не ставајте ги рацете и приборот во садот додека
блендирате за да се намали ризикот од сериозни
повреди на лица или оштетување на блендерот.
Може да се употребуваат гумен стругач или шпакла,
но само кога не е активиран блендерот.
18. Дадената пластична рачка се употребува само кога е
ставен главниот дел на капакот.
19. Сечилата се остри. Со посебно внимание чистете
околу сетот сечила во садот за да избегнете повреда.
За да го намалите ризикот од повреда, никогаш не
ставајте сет сечила на основата на моторот освен ако
не е монтиран за садот Vitamix.
20. Треба да се внимава кога се ракува со острите сечила,
кога се празни садот или во текот на чистењето.
21. Не оставајте други предмети, како лажици, вилушки,
ножеви или затката на капакот, во садот бидејќи тоа
ќе ги оштети сечилата и другите компоненти при
стартување на блендерот и може да предизвика
повреда.