Bosch LR 7 Professional Manual Original página 185

Ocultar thumbs Ver también para LR 7 Professional:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
Македонски | 185
Задно осветлување
Задното осветлување на приказот се вклучува со полна јачина кога се вклучува
ласерскиот приемник. Ако за 2 min не се препознае ниту еден ласерски зрак и не се
притисне никакво копче на ласерскиот приемник, тогаш се намалува задното
осветлување за 50 %.
Можете да го исклучите задното осветлување. Поради тоа држете ги притиснати
копчето за поставување на точност на прием (2) и копчето за звучен сигнал (4)
истовремено најмалку 2 s.
Совети при работењето
Означување
На средишната ознака (10) од десната и од левата страна на ласерскиот приемник
може да ја означите позицијата на ласерскиот зрак, доколку тој поминува низ
средината на приемното поле (5).
При обележувањето ласерскиот приемник мора да биде прецизно израмнет
вертикално (при хоризонтален ласерски зрак) одн. израмнет хоризонтално (при
вертикален ласерски зрак), инаку ознаките ќе се поместат во однос на ласерскиот
зрак.
Прицврстување со магнет (види слика B)
Доколку не е потребно безбедно прицврстување, може да го залепите ласерскиот
приемник со помош на магнети (7) на челичните делови.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Одржувајте ја чистотата на ласерскиот приемник.
Не го потопувајте ласерскиот приемник во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење
или раствори.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и
одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија
и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате
прашања за нашите производи и опрема.
Bosch Power Tools
1 609 92A 6B7 | (28.05.2021)
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido