Dremel 8100 Traducción De Las Instrucciones Originales página 126

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
СЛИКА 1
A. Копче за блокирање на осовината
B. Прекинувач On/Off и прекинувач за промена на брзината
C. Батерија
D. Поклопец за ослободување на батериите
E. Отвори за вентилирање
F. Куќиште
G. Батерија
H. Поклопец за ослободување на батериите
I.
Осовина
J. EZ Twist™ co интегриран клуч во капчето
K. Навртка на стезната чаура
L. Стезна чаура
M. Клуч
СТЕЗНИ ЧАУРИ
Dremel приборот кој е на располагање за мултифункционалниот
алат оди со различни димензии на основата. Достапни се
стезни глави со четири големини за прилагодување на различни
големини на основата. Големината на стезната чаура се
препознава по прстенот на задниот дел од стезната чаура.
СЛИКА 4
A. Навртка на стезната чаура
B. 3,2 mm Стезна чаура без прстен (480)
C. 2,4 mm Стезна чаура со три прстена (481)
D. 1,6 mm Стезна чаура со два прстена (482)
E. 0,8 mm Стезна чаура со еден прстен (483)
F. Прстени за идентификација
НАПОМЕНА: Некои комплети на милтифункционален алат
не ги содржат сите четири големини на стезни чаури.
Стезните чаури можат да се набават одделно.
Секогаш користете стезна чаура која одговара на големината
на основата на приборот којшто планирате да го користите. Не
ставајте сосила прибор со поголем пречник во помала стезна
чаура.
ЗАМЕНА НА СТЕЗНАТА ЧАУРА
СЛИКА 5
A. Клуч
B. Копче за блокирање на осовината
C. Навртка на стезната чаура
D. Стегање
E. Олабавување
1. Притиснете го копчето за блокирање на осовината,
држете го притиснато и вртете ја осовината со рака
додека копчето не ја блокира осовината. Не притискајте
го копчето за блокирање на осовината додека работи
мултифункционалниот алат.
2. Со притиснато копче за блокирање на осовината,
олабавете ја и извадете ја навртката на стезната чаура.
Ако е потребно, употребете клуч за стезната чаура.
3. Извадете ја стезната чаура така што ќе ја ослободите од
осовината.
4. Монтирајте ја целосно соодветната стезна чаура на
вратилото и повторно стегнете ја навртката на стезната
чаура. Немојте целосно да ја стегате навртката ако не е
ставена бургија или прибор.
МЕНУВАЊЕ НА ПРИБОРОТ
1. Притиснете го копчето за блокирање на осовината и
вртете ја осовината со рака додека копчето не ја блокира
осовината. Не притискајте го копчето за блокирање на
осовината додека работи мултифункционалниот алат.
2. Со притиснато копче за блокирање на осовината,
олабавете ја (и не ја тргајте) навртката на стезната чаура.
Ако е потребно, употребете клуч за стезната чаура.
3. Целосно ставете ја бургијата или вретеното од приборот во
стезната чаура.
4. Со притиснато копче за блокирање на осовината, стегајте
ја навртката на стезната чаура додека бургијата или вратот
од приборот не биде стегнат во стезната чаура.
НАПОМЕНА: Погрижете се да ги прочитате упатствата
што Ви се приложени со Вашиот Dremel прибор за
натамошни информации во врска со неговата употреба.
Користете само Dremel алат кој е тестиран и кој е високо
продуктивен.
EZ TwIST™ СО ИНТЕГРИРАН КЛУЧ ВО
СЛИКА 6
A. EZ Twist™ со интегриран клуч во капчето
B. Копче за блокирање на осовината
C. Навртка на стезната чаура
D. Стегање
E. Олабавување
Во капчето на Вашиот алат има интегриран клуч кој Ви
овозможува да ја олабавувате и стегате стезната чаура без да
користите стандарден клуч.
1. Одвртете го капчето од алатката, израмнете го челичниот
додаток од внатрешната страна на капчето со помош на
навртката на стезната чаура.
2. Со притиснато копче за блокирање, вртете го капчето
спротивно од правецот на вртење на стрелките на
часовникот додека ја олабавите навртката на стезната
чаура. Не притискајте го копчето за блокирање на
осовината додека работи мултифункционалниот алат.
3. Целосно ставете ја бургијата или вретеното од приборот во
стезната чаура.
4. Со притиснато копче за блокирање, вртете го капчето во
правецот на вртење на стрелките на часовникот додека ја
стегнете навртката на стезната чаура.
5. Зашрафете го капчето повторно во неговата првобитна
положба.
НАПОМЕНА: Погрижете се да ги прочитате
упатствата што Ви се приложени со Вашиот Dremel
прибор за натамошни информации во врска со неговата
употреба.
Користете само Dremel алат кој е тестиран и кој е високо
продуктивен.
126
КАПЧЕТО
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido