216 | Македонски
Позиција за бавно замавнување и намален
број на работни вртежи
Амортизација на вибрациите
Вградената амортизација за вибрации ги
намалува вибрациите кои настануваат во
текот на работењето.
Не го употребувајте електричниот апарат, доколку
u
е оштетен елементот за придушување.
Вметнување на битови за одвртувач (види слика L)
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
За користење на битовите за одвртувач потребен ви е
универзален држач (30) со SDS-plus-вратило за прифат
(опрема).
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Универзалниот држач ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на
универзалниот држач.
– Ставете еден бит за одвртувач на универзалниот
држач. Користете само битови што се соодветни на
главата за завртување.
– За вадење на универзалниот држач вметнете ја
чаурата за заклучување (5) наназад и извадете го
универзалниот држач (30) од прифатот за алат.
Приказ за контрола на температурата
Црвената LED сијаличка на приказот за контрола на
температурата (12) сигнализира, дека батеријата или
електрониката на електричниот алат (при вметната
батерија) не е во оптималните граници на температура.
Во овој случај, електричниот алат не работи или не
работи со целосна јачина.
Контрола на температурата на батеријата:
– Црвената LED сијаличка (12) свети непрекинато при
вметнување на батеријата во полначот: батеријата е
надвор од границите на температурата на полнење од
0 °C до 45 °C и не може да се полни.
– Црвената LED сијаличка (12) трепка при притискање
на копчето (11) или прекинувачот за вклучување/
исклучување (14) (при вметната батерија): батеријата
е надвор од дозволените граници на оперативната
температура.
– Ако температура на батеријата е над 70 °C,
електричниот алат се исклучува додека батеријата не е
повторно во оптималните граници на температура.
Контрола на температурата на електрониката на
електричниот алат:
– Црвената LED сијаличка (12) свети непрекинато при
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (14): температурата на електрониката на
1 609 92A 70H | (21.12.2021)
електричниот алат изнесува помалку од 5 °C или
повеќе од 75 °C.
– Ако температурата е над 90 °C електрониката на
електричниот алат се исклучува додека не е повторно
во дозволените граници на оперативната температура.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
u
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
– Исчистете го прифатот за алат (3) по секоја употреба.
– Исчистете го прифатот за алат по секоја употреба.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Bosch Power Tools