6 Не се ослободувајте од електични
алати и батерии во домашниот
отпад
7 Осигурувач за временско
задоцнување
УПОТРЕБА
• Полнење на акумулаторска
батерија 8
- извадете ја батеријата од
машината
- полначот приклучете го
на мрежен напон како на
илустрацијата 8 a
- сите светла се палат 1 секунда и
потоа повторно се гасат 8 b
- батеријата ставете ја во полначот
како на илустрацијата 8 c
- ако полнењето PWRJUMP е
возможно, копчето A ќе стане
жолто 8 b
- ако полнењето PWRJUMP не е
возможно, копчето A ќе остане
исклучено и батеријата ќе се
полни нормално
- притиснете го копчето A да го
активирате полнењето PWRJUMP
- копчето A почнува да светка
зелено за да прикаже полнење
PWRJUMP
- кога полнењето PWRJUMP ќе
заврши, копчето A ќе стане
зелено
- зелено светло C почнува да
светка, со што покажува дека
батеријата се полни 8 b
- кога батеријата ќе се наполни
целосно, ќе се вклучи C зеленото
светло 8 b
- отстранете ја батеријата од
полначот како на илустрацијата
8 d
! откако батеријата ќе се
наполни треба да се извади
од полначот, со што се
продолжува векот на траење
на батеријата
ВАЖНО:
- ако црвено светло B почне
да светка по вметнување на
батеријата, тоа значи дека
батеријата е оштетена и треба да
се замени 8 b
- ако црвено светло B се вклучи
по вметнување на батеријата,
tова може да значи дека
батеријата е премногу ладна
или премногу топла (полначот ги
полни батериите кога неговата
температура е помеѓу 4 °C и 40
°C) 8 b
- литиум-јонската батеријата може
да се полни во кое било време
(прекинувањето на процесот
на полнење не ја оштетува
батеријата)
- литиум-јонската батерија не мора
да биде празна пред да се полни
(нема „ефект врз долготрајноста„
како кај никел-кадмиумските
батерии)
- при полнење полначот и
батеријата се загреваат; тоа
е нормално и не претставува
никаков проблем
- надворешните површини на
батеријата треба да бидат
суви и чисти, пред да се стави
батеријата во полначот
- доколку не го користете уредот
подолго време, извлечете го
мрежниот приклучок на полначот
од приклучницата
- значително намалениот период
на работа по полнењето посочува
дека батеријата е стара и треба
да се замени
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Одржувајте го полначот чист
- исчистете ги контактите на
полначот или со алкохол или со
чистач за контакти
! пред чистењето на полначот
треба да се извлече неговиот
мрежен приклучок
• Доколку полначот и покрај
внимателното работење и контрола
некогаш откаже, поправката мора
да ја изврши некој овластен SKIL
сервис за електрични алати
- во случај на примедба, испратете
го полначот нерасклопен,
заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот
SKIL сервис (адресите се
наведени на www.skil.com)
72