• Апаратот не може да се регистрира, поради
проблеми со преносот на безжичниот
сигнал. Извлечете го кабелот од апаратот
и почекајте околу една минута, пред
повторно да се обидете.
• Ако е овозможен заштитниот ѕид на вашиот
безжичен рутер, оневозможете го или
додадете исклучок во него.
• Името на безжичната мрежа (SSID) треба
да биде комбинација од англиски букви
и броеви. (Не користете ги специјалните
карактери)
• Smartphone корисничкиот интерфејс
(UI) може да варира, во зависност од
мобилниот оперативен систем (OS) и
производителот.
• Ако безбедносниот протокол на рутерот
е поставен на WEP, може да не успеете
во подесувањето на мрежата. Ве молиме
променете го на други безбедносни
протоколи (Се препорачува WPA2) и
повторно регистрирајте го производот.
Инсталирање на апликацијата
LG ThinQ
Побарајте ја апликацијата LG ThinQ на
Google Play Store & Apple App Store преку
вашиот смартфон. Следете ги инструкциите за
преземање и инсталирање на апликацијата.
Известување за софтвер со
отворен код
За да го добиете изворниот код според GPL,
LGPL, MPL и другите лиценци за отворен
изворен код кој се користи кај овој производ,
посетете ја страницата http://opensource.lge.
com.
Покрај изворниот код, достапни за преземање
се и сите наведени одредби на лиценца,
одрекувања од одговорност и известувања за
авторски права.
LGE исто така ќе ви овозможи слободен код на
CD-ROM за цена која ги покрива трошоците за
таквото доставување (како на пр. трошоци за
медиумот, пратката и манипулативни трошоци)
по барање преку е-пошта на opensource@lge.
com. Оваа понуда е валидна во период од три
години по последната наша испорака на овој
производ. Оваа понуда важи за секој примател
на овие информации.
MK
67