Skil F0152899 Serie Manual Original página 120

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 40
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА ПОЛНАЧОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Користете го полначот само во затворен простор
5 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
6 Во допир со оган батериите ќе експлодираат, затоа
не ги палете батериите од која било причина
7 Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата во
просторија на температура пониска од 50°C
8 Не го фрлајте полначот во домашниот отпад
9 Не ја фрлајте батеријата во домашниот отпад
УПОТРЕБА
• Комбиниран прекинувач за вклучување/исклучување
и за контрола на брзината A 2
Брзината се контролира на степени од нула до
максимум со применување помалку или повеќе сила
врз активаторот
• Полнење на акумулаторска батерија 0
- полначот B приклучете го на мрежен напон како
на илустрацијата 0a
- ќе се запали зелената лампичка C покажувајќи
дека полначот е подготвен за работа 0a
- батеријата ставете ја во полначот како на
илустрацијата 0b
- зелената светилка C ќе трепка што посочува дека
батеријата се полни 0c
- по околу 45 минути, батеријата ќе се наполни
докрај и зелената светилка C ќе свети постојано
по трепкањето 0d
! откако батеријата ќе се наполни треба да се
извади од полначот, со што се продолжува
векот на траење на батеријата
ВАЖНО:
- ако зелената светилка C не трепка откако ќе се
вметне батеријата, тоа значи:
1) дека батеријата е премногу студена или
премногу врела -> полначот полни само батерии
кога нивната температура е меѓу 0° C и 45° C
2) батеријата не е вметнати (правилно) ->
батеријата ставете во полначот правилно
3) контактите на батеријата се контаминирани ->
исчистете ги контактите на батеријата (на
пример, со вметнување и отстранување на
батеријата неколку пати) или замените
батеријата
4) батерија неисправни -> замените батеријата
- литиум-јонската батеријата може да се полни во
кое било време (прекинувањето на процесот на
полнење не ја оштетува батеријата)
- литиум-јонската батерија не мора да биде празна
пред да се полни (нема „ефект врз долготрајноста„
како кај никел-кадмиумските батерии)
- при полнење полначот и батеријата се загреваат;
тоа е нормално и не претставува никаков проблем
- надворешните површини на батеријата треба да
бидат суви и чисти, пред да се стави батеријата во
полначот
- кај температури пониски од 0°C и повисоки од
45°C треба да се избегнува полнење; со тоа може
да се оштети полначот и акумулаторската
батерија
- батеријата не смее да се вади во текот на
работата на апаратот
- доколку не го користете уредот подолго време,
извлечете го мрежниот приклучок на полначот од
приклучницата
- алатот се исклучува автоматски кога ќе се
испразни литиум-јонската батерија
- значително намалениот период на работа по
полнењето посочува дека батеријата е стара и
треба да се замени
• Промена на насоката на ротација !
- ако левата/десната позиција не легнат како што
треба, прекинувачот A 2 нема да може да
стартува
! менувајте ја насоката на ротацијата само кога
алатот се наоѓа во целосно мирување
• Промена на бургиите @
- вметнете ја бургијата најдлабоко што можете во
држачот
! не употребувајте бургии со оштетена дршка
! употребувајте само остри бургии
• Контрола на вртежниот момент (VariTorque) #
- излезниот обрт ќе се зголемува ако прстенот на
активаторот D се врти од 1 кон 24; позицијата E ќе
го заклучи активаторот за да се овозможи
дупчење или извршување тешки работи
- при завртување на некоја завртка најпрво
започнете со положбата 1(VariTorque) и потоа
полека зголемувајте до достигнување на саканата
длабочина
• Избор на механички запченик $
- поставете го селекторот G на саканата брзина
! вклучете го изборот на брзини додека алатот
работи бавно
ВИСОК ВРТЛИВ МОМЕНТ (HIGH TORQUE)
- голем момент на вртење
- за завртување и дупчење на отвори со голем
дијаметар
- за вибрациски навој
ПОВИСОКА БРЗИНА (HIGH SPEED)
- низок вртлив момент
- за дупчење отвори со мал дијаметар
• Индикатор за нивото на батеријата H %
- покажува колку енергија останала во батеријата
- ако црвеното светло Х започне да трепка, тоа
посочува дека батеријата е многу врела. Оставете
го алатот 2 минути да се олади
• Заштита на батеријата
Го исклучува алатот автоматски кога
1) оптоварувањето е преголемо
2) температурата на батеријата не е во дозволениот
опсег за температура од -10 до +60° C
3) литиум-јонската батерија е скоро празна (за да ја
заштити од целосно празнење)
! не продолжувајте да притискате на
прекинувачот за вклучување/исклучување
откако алатот ќе се исклучи автоматски;
батеријата ќе се оштети
• Автоматско заклучување на осовината
120
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido