Општо; За Овие Упатства; Авторско Право; Подложно На Промени - Wilo Control EC-Booster Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 993
1
Општо
1.1
За овие упатства
1.2
Авторско право
1.3
Подложно на промени
1.4
Гаранција
2
Безбедност
2.1
Означување на безбедносните
напомени
Упатство за вградување и работа Wilo-Control EC/ECe-Booster
Општо
Упатството за вградување и работа е нераздвоив составен дел на производот.
Прочитајте ги и секогаш нека ви бидат достапни овие упатства пред каква било
активност. Предуслов за правилна употреба на производот и негово ракување е
точно придржување до овие упатства. Внимавајте на сите податоци и ознаки на
производот.
Оригиналните упатства за работа се на германски јазик. Сите други верзии на
упатствата на други јазици претставуваат превод на оригиналните упатства.
Производителот го задржува авторското право на овие упатства за вградување и
работа. Содржината не смее да се репродуцира, дистрибуира или употребува за
конкурентни намени без одобрение и известување.
Производителот го задржува секое право за техничка промена на производот
или на поедини составни елементи. Употребените слики може да отстапуваат од
оригиналот и служат само за пример за производот.
Во однос на гаранцијата и на гарантниот период, важат информациите од
актуелните „Општи одредби и услови (ООУ)". Истите можете да ги најдете на:
www.wilo.com/legal
Отстапките од ова мора да бидат претходно договорени и да добијат приоритет.
Активирање на гаранцијата
Кога се исполнети следните точки, производителот е обврзан да ги отстрани сите
недостатоци во квалитетот и конструкцијата:
▪ Недостатоците треба да се пријават кај производителот во писмена форма
додека трае гаранцијата.
▪ Користете го производот согласно наменетата примена.
▪ Сите уреди за надгледување се заклучени и се проверуваат пред пуштање во
работа.
Одрекување од одговорноста
Сета одговорност за лична, материјална или финансиска штета е исклучена. Таа
се исклучува доколку:
▪ Производот е неправилно димензиниран како последица на неточни податоци од
раководителот или нарачателот
▪ Не сте се придржувале до упатствата за вградување и за работа
▪ Непрописна употреба
▪ Не се чува или транспортира прописно
▪ Погрешна монтажа или демонтажа
▪ Се одржува непрописно
▪ Недозволени поправки
▪ Основата за монтирање е дефектна
▪ Постојат хемиски, електрични или електрохемиски влијанија
▪ Абење
Ова поглавје содржи основни напомени за поединечните фази од работниот век
на производот. Доколку не внимавате на овие напомени, ќе ги предизвикате
следниве опасности:
▪ Предизвикување опасност по луѓето поради електрични, електромагнетни или
механички влијанија
▪ Опасност по околината поради истекување на опасни материи
▪ Материјални штети
▪ Хаварија на важните функции
Доколку не се внимава на напомените, може да дојде до поништување на правото
за отшета.
Освен тоа, внимавајте и на дополнителните инструкции и безбедносни
напомени во другите поглавја!
Во ова Упатство за вградување и работа ќе пронајдете безбедносни напомени за
материјални штети и лични повреди и различни прикази:
mk
521
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Control ece-booster

Tabla de contenido