Стартување На Автоматска Работа; За Време На Работата - Wilo Control EC-Booster Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 993
8.4
Стартување на автоматска
работа
8.5
За време на работата
Упатство за вградување и работа Wilo-Control EC/ECe-Booster
Пуштање во работа
Конфигурирањето на Мени 5 и Мени 1 е завршено.
Сите пумпи во менијата од 3.02 до 3.04 се исклучени: Вредност „off".
Пумпите во менито 3.01 се активирани: Вредност „on".
1. Стартување на менито Easy Actions: Контролното копче се врти за 180°.
2. Изберете рачна работа на пумпа: Вртете го контролното копче додека не се
прикаже точката на мени:
- пумпа 1 P1 Hand
- пумпа 2: P2 Hand
- пумпа 3: P3 Hand
3. Стартувајте го пробното работење: Притиснете го контролното копче.
Пумпата работи додека не го пуштите контролното копче.
4. Проверка на насоката на вртење.
⇒ Погрешна насока на вртење: Заменете две фази на приклучувањето на
пумпата.
▶ Насоката на вртење е проверена и коригирана доколку имало потреба.
Првата конфигурација е готова.
Автоматска работа по првата конфигурација
Приклучната табла е затворена.
Конфигурирањето е завршено.
Коригирајте ја насоката на вртење.
Надгледувањето на струјата на моторот е правилно подесено.
1. Стартување на менито Easy Actions: Контролното копче се врти за 180°.
2. Изберете пумпа за автоматска работа: Вртете го контролното копче додека
не се прикаже точката на мени:
- пумпа 1 P1 Auto
- пумпа 2: P2 Auto
- пумпа 3: P3 Auto
3. Притиснете го контролното копче.
⇒ Автоматската работа е подесена за избраната пумпа. Како алтернатива,
нагодувањето може да се прави во менијата од 3.02 до 3.04.
▶ Автоматската работа е вклучена.
Автоматска работа по отстранувањето од употреба
Приклучната табла е затворена.
Конфигурацијата е проверена.
Активирање на внесување параметри: Се појавува Мени 7.01 on.
1. Држете го контролното копче 3 секунди.
⇒ Ќе се појави Мени 1.00.
2. Вртете го контролното копче додека не се појави Мени 3.00
3. Притиснете го контролното копче.
⇒ Ќе се појави Мени 3.01.
4. Притиснете го контролното копче.
5. Сменете ја вредноста на „on".
6. Притиснете го контролното копче.
⇒ Вредноста се зачувува, пумпата се активира.
▶ Автоматската работа е вклучена.
За време на работата, мора да го осигурите следното:
▪ Приклучната табла е затворена и осигурана од ненамерно отворање.
▪ Приклучната табла е сигурна од преплавување (вид на заштита IP54).
▪ Не смее да има директни сончеви зраци врз приклучната табла.
▪ Температура на околината: 0 ... 40 °C.
mk
549
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Control ece-booster

Tabla de contenido