VOX electronics ES-8112SN Manual De Usuario página 37

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 11
КОРИСНИ СОВЕТИ
1. Мала количина од лимонов сок може да се додаде во сок од јаболка за да не му менува бојата.
2. Немојте да користите банани или авокадо бидејќи содржат малку сок и само ќе го затнат соковникот.
3. Оставете го соковникот да работи 1 минута пред да го исклучите за да се исцеди сиот сок од пулпата.
4. За поедноставно чистење во садот за отпад можете да ставите пластична ќесичка.
5. Расклопете го соковникот и измијте ја пулпата одма после цедењето. Садот за цедење со ножевите
може да се потопи во вода за да може да омекне залепената пулпа. Потоа измијте со топа вода со
сапуница.
6. Измијте ги сите делови веднаш после употреба за да избегнете промена на бојата на пластичните
делови кои можат да настанат со обработка на одреден вид на овошје и зеленчук.
7. За да добиете поголема количина на сок можете со овошјето и зеленчукот заедно да вметнете и
зачинска билка, како и листен зеленчук.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
Расклопување на соковникот
ВАЖНО: Пред да го расклопите соковникот проверете дали регулаторот на брзината е на Off позиција и
дали кабелот за напојување е исклучен од струниот штекер. Исто така проверете дали моторот во
потполност престанал да работи.
1. Извадете го туркачот на храна од отворот за внесување на храна.
2. Извадете го садот за пулпа држејќи со рака за отворот за внесување на храна со лесно навалување
на соковникот.
3. Извадете го садот за собирање на сокот.
4. Држете го одводот за пулпа/ капакот од соковникот и отклучете ги запците кои стојат од страна на
одводот за пулпа/ капакот на соковникот.
5. Подигнете и извадете го одводот за пулпа/капакот од соковникот.
6. Извадете го пластичниот собирач на сок и филтерот за течности ставајќи ја едната рака под инката, а
другата под црниот пластичен раб наспроти инката и со поткревање. Филтерот од не'рѓосувачки челик
може да се извади од собирачот на сок со туркање низ отворот на дното на собирачот за сок.
ЗАБЕЛЕШКА: Бидете внимателни при вадење на садовите за цедење бидејќи ножевите се многу остри.
ЧИСТЕЊЕ
1. Главниот прекинувач ставете го на положбата OFF и причекајте моторот сосема да престане со
работа.
2. Исклучете го уредот од штекер.
3. Расклопете го уредот (видете го упатството на страна 7)
4. Исчистете го садот за пулпа, одводот за пулпа/капакот на соковникот, бокалот за
сок, и одвојувачот на пена во топла сапунеста вода. Се препорачува употреба
на послаб детергент. Измијте темелно и добро исушите.
5. Држете ја цедилката од нер'ѓосувачки челик со ножевите под млаз чиста вода.
Користете ја четката за чистење која сте ја добиле во комплет со соковникот за да
можете нежно да ја отстраните целата преостаната пупла од филтерот и ножевите.
Добро измијте. Ставете ја цедилката со ножевите кон светлина за да се осигурате
дека малите дупчиња не се запушени. Ако дупчињата и понатаму се запушени,
потопете ја цедилката со ножевите во врела вода за да омекне пулпата а потоа
повторно измијте со четкичката. Оставете ја цедилката да се исуши на хартиен
бришач пред повторно да го склопите соконвикот.
6. Избришете го моторот со мека крпа натопена во топа вода со сапуница.
EКОЛОШКО ОТСТРАНУВАЊЕ
Можете да помогнете да ја заштитите околината! Ве молиме да ги почитувате
локалните законски регулативи: сите неисправни електрични уреди треба да се
предадат на соодветен центар за рециклирање на електронскиот и
електричниот отпад.
4
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido