VOX electronics ES-8112SN Manual De Usuario página 36

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 11
СОСТАВУВАЊЕ НА УРЕДОТ
1.
Поставете го пластичниот сад за сок на куќиштето така што инката да дојде
од десна страна и да гледа во правец на рачката за заклучување. Изротирајте
дедека не кликне.
2.
Поставете го филтерот од нер'ѓосувачки челик така што прво ќе ги
порамните индикаторите на единицата со ножот и долното лежиште( индикатори
се белите точки), а потоа спуштете го филтерот на долното лежиште и составите.
Завртете го филтерот и нежно притиснете надолу додека не „седне" во собирачот
на сок.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако уредот е правилно поставен, горниот раб на филтерот за цедење
не би требало да биде поставен повисоко од работ на собирачот на сок.
Поставете го собирачот на пулпата/капакот на врвот од уредот така што отворот на
собирачот ќе гледа во спротивен правец од инката.
4 Заклучете го собирачот на пулпа/капакот во неговата правилна положба додека
не се прицврсти на жлебовите кои се наоѓаат на двете страни од собирачот на
пулпа/капакот од соковникот.
ЗАБЕЛЕШКА: Подигнете ја рачката за заклучување се додека во потполност се
исправи бидејќи во спротивно соковникот нема да може да работи.
1.
Порамнете ги жлебовите на туркачот на храна со малата испакнатина во
внатрешноста на отворот.
2.
Внесете го садот за пулпа во нејзината положба под отворот за
исфрлање на пулпа.
3.
Поставете го бокалот за собирање на сок или чашата под инката.
ПОДГОТОВКА НА ОВОШЈЕТО И ЗЕЛЕНЧУКОТ ЗА
ОБРАБОТКА ВО СОКОВНИКОТ
1. Измијте го овошјето и зеленчукот.
2. Излупете го овошјето од кора што не се јаде како што се цитруси, ананас, љубеница,
папаја итн.
3. Извадете ги коските од овошјето со тврди коски како што се кајсии, нектарини, вишни итн.
4. Поголемиот дел од овошјето и зеленчукот како што се јаболка, моркови и
краставици не мора да се сечат. Ако се преголеми за да влезат во отворот за
внесување храна, само пресечете ги на пола.
Користење на соковникот
1. Составете го соковникот. Под инката може да се постави бокал за сок или
чаша за собирање на сокот.
2. Приклучете го кабелот за напојување во струен штекер со стандарден напон 220-240V.
3. Одберете ја посакуваната брзина на регулаторот на брзината во зависност
од типот на овошје или зеленчук кои треба да се исцедат. Немојте да ги ставате овошјето или
зеленчукот во уредот се додека не се вклучи во струја. Меките овошки или зеленчук како што се
малини, диња, краставица, домат, итн. би требало да се цедат на помала брзина. Тврдото овошје
или зеленчук како што се јаболка, целер, моркови итн. би требало да се цедат на поголема брзина.
4. Кога ќе го вклучите моторот на уредот, почнете да ја вметнувате храната во отворот за внесување.
Нежно туркајте ја храната во отворот користејќи го туркачот на храна. За да исцедите максимална
количина на сок, секогаш полека туркајте ја храната низ отворот.
ВАЖНО: НЕ ГИ СТАВАЈТЕ ПРСТИТЕ ИЛИ ПРЕДМЕТИ ВО ОТВОРОТ ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА ХРАНА.
СЕКОГАШ КОРИСТЕТЕ ГО ТУРКАЧОТ НА ХРАНА.
5. Доколку во текот на цедењето се наполни садот за собирање пулпа, исклучете го соковникот и
извадете го собирачот на пулпа држејќи со рака за отворот за внесување на храна.
6. Одвојувачот на пена од бокалот за сок ќе ја отстрани целата пена пред да се сипе сокот во чашата.
Ако повеќе сакате вашиот цеден сок да има пена, едноставно отстранете го одвојувачот на пена од
бокалот пред да го сипете сокот.
3
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido