Поставување На Рачката; Команди За Контрола; Безбедносен Клуч (Уред За Дезактивирање); Ракофат - Тип „I - Stiga MCS 470 Li 80 Serie Manual De Instrucciones

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 142
4.2
ПОСТАВУВАЊЕ НА РАЧКАТА
• Тип „I"
Составете го ракофатот како што
е посочено на (сл.3.0).
• Тип „II" - Напредни Серии
Составете го ракофатот како што е
посочено на (сл.4.0) (сл.8.0).
• Тип „III" - Напредни Серии
Составете го ракофатот како што е
посочено на (сл.9.0) (сл.12.0).
5.
КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
5.1
БЕЗБЕДНОСЕН КЛУЧ (УРЕД
ЗА ДЕЗАКТИВИРАЊЕ)
Клучот (сл.13.A) се поставува во отворот
на батеријата, го активира и дезактивира
електричното коло на машината.
Со вадење на клучот, комплетно се
дезактивира електричното коло за да се спречи
неконтролирана употреба на машината.
ВАЖНО Извадете го безбедносниот клуч
секојпат кога ја оставате машината без надзор.
5.2
РАКОФАТ - ТИП „I"
5.2.1
Команда за палење
Командата за палење го пали/гасне
моторот и истовремено го активира/
дезактивира уредот со сечивото.
Посочените позиции значат:
1.
Движење. За палење, притиснете
го копчето (сл.14.A), повлечете една
од двете рачки (сл.14.B) и почекајте
2-3 секунди да се запали моторот.
2.
Палењето на моторот
предизвикува истовремено активирање
на уредот со сечивото.
3.
Застанување. Моторот автоматски се
гасне со пуштање на двете рачки (сл.14.B).
5.2.2
Рачка за вклучување на погонот
Го активира движењето на тркалата и
дозволува движење на машината.
1.
Активиран погон. Движењето на
тревокосачката се одвива кога ќе ја
притиснете рачката кон ракофатот
(сл.15.A). Тревокосачката престанува
да се движи со пуштање на рачката.
ВАЖНО Палењето на моторот треба
да изведе со исклучен погон.
ВАЖНО За да избегнете оштетување
на преносот, избегнувајте да ја влечете
машината назад со вклучен погон.
5.3
РАКОФАТ - ТИП „II"/„III" - НАПРЕДНИ СЕРИИ
5.3.1
Рачка за присуство на оператор
Рачката за присуство на операторот
(сл.16.A) овозможува вклучување на
уредот со сечивото и на погонот.
Притиснете една од двете рачки (сл.16.A) кон
ракофатот за да ги овозможите функциите за
вклучување на уредот со сечивото и на погонот.
Моторот застанува автоматски и сите функции
се дезактивираат ако ги пуштите двете рачки.
5.3.2
Копче за палење
Копчето за палење (сл.17.A) се користи за:
1.
Палење на машината. Притиснете го
копчето (сл.17.A), екранот (сл.17.B) се пали
и машината е подготвена за употреба.
ЗАБЕЛЕШКА Палењето на машината
е можно само ако рачките за присуство
на операторот и за погонот се пуштени.
ЗАБЕЛЕШКА Ако машината не
се користи, екранот се гасне по 15
секунди и треба да ја повторите
горепосочената операција.
2.
Вклучување на уредот со сечивото.
ЗАБЕЛЕШКА Вклучувањето на уредот
со сечивото е можно само ако рачката
за присуство на оператор е притисната
кон ракофатот (видете пасус 6.3).
3.
Исклучување на уредот со сечивото.
Со вклучен уред со сечивото,
притиснете го копчето за палење
(сл.17.A) и уредот со сечивото ќе
застане, но машината ќе работи.
5.3.3
Рачка за вклучување на погонот
Го активира движењето на тркалата и
дозволува движење на машината.
MK - 6
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido