f) Носете соодветна облека. Не носете широка
облека или накит. Косата, облеката и
ракавиците држете ги подалеку од деловите кои
се движат. Комотната облека, накитот или долгата
коса може да бидат фатени во деловите кои се
движат.
g) Доколку може да се монтираат направи за
вшмукување и фаќање прашина, проверете дали
се вклучени и дали можат исправно да се
користат. Примената на овие направи ја намалува
опасноста од прашината.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО
ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата
работа користете го предвидениот електричен
алат за таа употреба. Со соодветниот електричен
алат ќе работите подобро и посигурно во наведената
функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е
неисправен. Електричниот алат кој повеќе не може
да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се
поправи.
c) Извлечете го штекерот од приклучокот пред
извршување на било какви подесувања на
апаратот, замена на приборот или складирање.
Со овие мерки на внимателност ќе се избегне
невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите
од допирот на децата. Не допуштајте работа со
уредот на лица кои не се запознаени со него или
кои го немаат прочитано ова упатство.
Електричните алати се опасни доколку со нив
работат неискусни лица.
e) Одржувајте го уредот со внимание. Имајте
контрола околу тоа дали движечките делови на
уредот работат беспрекорно и дали не се
заглавени, дали деловите се скршени или
оштетени до таа мерка што не може да се
обезбеди функционирање на уредот. Пред
примената, овие оштетени делови треба да се
поправат. Причина за многу незгоди е лошо
одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата
ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и на
начин кој е опишан за соодветниот тип на уред.
При тоа, земете ги предвид работните услови и
работата која се извршува. Употребата на
електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја
само на обучен, стручен кадар на овластен
сервисер, и само со оригиналните резервни
делови. На тој начин ќе се обезбеди уредот да
остане со зачувана безбедност.
СПЕЦИФИЧНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА
ПОТКАСТРУВАЧИТЕ НА ЖИВА ОГРАДА
ПРЕД УПОТРЕБА
• Се препорачува практична обука пред да ја
користите машината за првпат
• Овој алат е наменет за употреба за лица (вклучувајќи
и деца) со намалени физички, сензорски или
ментални способности или со помало искуство и
знаење, и доколку лицето задолжено за нивна
безбедност не им даде соодветна помош и упатство
за за тоа како да се користи алатот
• Обезбедете децата да не си играат со алатот
• Не оставајте ја машината без надзор
• Користете ја машината само на дневно светло или со
соодветно вештачко осветлување
• Не поткаструвајте жива ограда кога е мокра
• Никогаш не користете ја машината со оштетен
заштитен штитник
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот (алатите за напон од
230V или 240V исто така може да се поврзат и на
напон од 220V)
• Проверувајте ја функционалноста на машината пред
секоја употреба и во случај на дефект, повикајте
квалификувано лице да ја поправи. Никогаш не
отворајте ја машината сами
• Проверувајте го кабелот од време на време и
повикајте квалификувано лице да го смени ако е
оштетен
• Користете само продолжен кабел којшто е наменет
за работа на отворено и е опремен со водоотпорен
приклучок и штекер во форма на запалка
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
• Проверувајте го продолжниот кабел од време на
време и сменете го ако е оштетен (несоодветните
продолжни кабли се опасни)
• Користете уред за преостанат напон (RCD) со
максимален напон за активирање од 30 mA кога ја
користите косилката
• Пред употреба, темелно проверете ја областа за
поткастрување и отстранете ги сите страни тела што
може да се заплеткаат во сечивата за косење (како
камења, клинци, жици, метални потпори за
растенијата)
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Носете заштитни ракавици, тесни алишта и цврсти
чевли
• Не вклучувајте го алатот со боси нозе или ако носите
отворени сандали
• Секогаш носете долги пантолони и ракави кога
работите со машината
• Оддалечете ги другите лица и животните на
растојание од 5 м кога работите со машината
• Заземете безбедно држење при работа (не посегајте
се, особено кога користите скалило)
• Одржувајте ги сите делови на телото подалеку
од сечивата и не вадете го поткастрениот
материјал или не држете го делот за
поткастрување кога се движат сечивата;
проверете дали прекинувачот е исклучен кога
107