проблеми. Употребата на прекинувачот за струјна
заштита при технички проблеми го намалува ризикот
од електричен удар.
3) ЛИЧНА ЗАШТИТА
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите
и постапувајте внимателно додека работите
со електричниот алат. Не работете со уредот
доколку сте уморни или под дејство на дрога,
алкохол или лекови. Еден момент на невнимание
при употребата може да доведе до сеиозни повреди.
b) Носете ја личната заштитна опрема и секогаш
носете заштитни очила. Носењето на личната
заштитна опрема, како што е маската за прашина,
безбедносната облека која не се лизга, заштитен
шлем или штитник за слух, зависно од видот и
примената на електричниот алат, ја намалува
опасноста од повреда.
c) Избегнувајте невнимателно вклучување за
време на работата. Осигурајте се прекинувачот
да биде во "OFF" позиција пред да го ставите
штекерот во приклучокот. Доколку го носите
електричниот алат со прстот на прекинувачот
или го приклучувате апаратот кој е приклучен со
напојување на струја, може да предизвикате незгоди.
d) Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите
за подесување или клучот за навртување. Алатот
или клучот кој се наоѓа во вртливиот дел на уредот,
може да предизвика незгода.
e) Не ги преценувајте своите способности.
Завземете сигурен и стабилен став и во секој
момент одржувајте рамнотежа. На тој начин
можете подобро да го контролирате уредот во
неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка
облека или накит. Косата и алиштата треба да
бидат подалеку од подвижните делови. Широката
облека, накитот или долгата коса може да се закачат
за подвижните делови.
g) Доколку може да се монтираат направи за
вшмукување и фаќање прашина, проверете
дали се вклучени и дали можат исправно да се
користат. Примената на овие направи ја намалува
опасноста од прашината.
h) Не дозволувајте искуството стекнато со честа
употреба на алатите да ве направи спокојни и
да ги игнорирате безбедносните принципи при
неговото користење. Невнимателно движење може
да предизвика сериозни повреди во дел од секунда.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО
ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата
работа користете го предвидениот електричен
алат за таа употреба. Со соодветниот електричен
алат ќе работите подобро и посигурно во наведената
функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е
неисправен. Електричниот алат кој повеќе не може
да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се
поправи.
c) Исклучете го електричниот алат од струја
и/или извадете го комплетот со батерии,
ако се одделува, пред да правите некакви
прилагодувања, менувате дополнителна
опрема или да го складирате електричниот
алат. Со овие мерки на внимателност ќе се избегне
невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите
од допирот на децата. Не допуштајте работа со
уредот на лица кои не се запознаени со него
или кои го немаат прочитано ова упатство.
Електричните алати се опасни доколку со нив
работат неискусни лица.
e) Одржувајте го електричниот алат и
дополнителната опрема. Имајте контрола околу
тоа дали движечките делови на уредот работат
беспрекорно и дали не се заглавени, дали
деловите се скршени или оштетени до таа мерка
што не може да се обезбеди функционирање на
уредот. Пред примената, овие оштетени делови
треба да се поправат. Причина за многу незгоди е
лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата
ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и
на начин кој е опишан за соодветниот тип на
уред. При тоа, земете ги предвид работните
услови и работата која се извршува. Употребата
на електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) ВНИМАТЕЛНО РАКУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА
АПАРАТ СО АКУМУЛАТОР
a) Полнете го акумулаторот само во апаратите
за полнење кои се пропишани од страна на
производителот. За апаратот за полнење кој е
соодветен за определен вид на акумулатори, постои
опасност од пожар, доколку се употребува со други
акумулатори.
b) Користете ги електричните алати само со
специфично назначени пакувања на батерии.
Користењето на друг вид на батерии може да доведе
до ризик од повреда или пожар.
c) Кога батериите не се користат, држете ги
настрана од метални предмети како штрафчиња,
парички, клучеви, клинци, навртки или
други, мали предмети кои може да направат
краток спој. Краткиот спој кај батериите може да
предизвика изгореници или пожар.
d) При погрешна примена може да излезе течност
од акумулаторот; избегнувајте контакт со неа.
При случаен контакт, измијте се со вода. Ако
течноста дојде во допир со очите, побарајте и
лекарска помош дополнително. Течноста која
може да излезе од акумулаторот може да доведе до
надразнување на кожата и изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или алат
кој е оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
115