mk | 119 | T40234
3 Упатства за работа
1.
Проверете дали адаптерот е целосен, како и дали
има видливи оштетувања, како на пример знаци
на абење, деформација, дупки, пукнатини и
корозија пред секоја употреба. Не користете го
адаптерот кога ќе се забележат дефекти и
веднаш фрлете го.
2.
Проверете дали сите шрафови функционираат
како што треба.
3.
Извршете ја неопходната подготовка за употреба
на адаптерот во согласност со работните
прирачници.
4.
Прицврстете го адаптерот T40234 за уредот за
суспензија 3033 како што е опишано во
работните прирачници и фиксирајте го со
навртката со навои.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од паѓање на товарот!
Несоодветното поставување на адаптерот може да
доведе до навалување или паѓање на товарот. Ова
може да предизвика сериозни повреди или
оштетување на материјалите.
Фиксирајте ја навртката со навои за уредот за
суспензија 3033.
Прицврстете го адаптерот за дигалката за
работилница VAS 6100 точно како што е опишано
во работните прирачници. Користете ги
понатамошните одобрени додатоци ако е
неопходно.
Следете го прирачникот за работа за користените
додатоци.
Проверете дали безбедносната единица на куката
за товар е целосно затворена.
Проверете го безбедносното лежиште на
адаптерот T40234 пред да го подигнувате товарот.
5.
Проверете дали уредот стои безбедно додека го
спуштате.
6.
Извршете ја останатата работа како што е
опишано во работните прирачници.
7.
Проверете дали сите делови од специјалната
алатка се отстранети по завршувањето на
поправките.
2018-07-05
4 Инспекција и одржување
Проверете дали адаптерот е целосен, како и дали
има видливи оштетувања, како на пример знаци
на абење, деформација, дупки, пукнатини и
корозија пред секоја употреба. Проверете дали
сите шрафови функционираат како што треба. Не
користете го адаптерот кога ќе се забележат
дефекти и веднаш фрлете го.
Резервните делови се достапни на барање.
Користете само оригинални делови за замена.
Контактирајте со поддршката од 1. ниво со вашите
прашања.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Измените на овој производ коишто не се изречно
одобрени од страна на производителот ќе ја
поништат гаранцијата. Производителот не прифаќа
одговорност за личните повреди или оштетувањата
на материјалите коишто се резултат на несоодветна
употреба на овој производ.
Bosch Automotive Service Solutions GmbH
Am Dörrenhof 1
85131 Pollenfeld-Preith
Германија