Фрлање
•При фрлање на апаратот, извадете ја заптивката од вратата, а
оставете ги внатре полиците и корпите, и држете ги децата
понастрана од апаратот.
•Отстранете ги сите материјали за пакување (како на пример,
пластични кеси и стиропор) подалеку од децата. Материјалите
од пакувањето може да предизвикаат задушување.
Техничка безбедност
•Отворите за вентилација во просторот каде што е сместен
апаратот или во мебелот во кој е вграден не смеат да содржат
никакви препреки.
•Не користете електрични апарати во фрижидерот.
•Средството за ладење и гасот за изолација што се користат
во апаратот треба да се фрлат според посебно пропишани
процедури. Консултирајте се со сервисер или слично
квалификувано лице пред да ги фрлите.
•Средство за ладење што избива во млаз од цевките може да
се запали или да предизвика експлозија.
•Количината на средство за ладење во вашиот апарат е
прикажан на плочата за идентификација внатре во апаратот.
•Никогаш не вклучувајте апарат кој има знаци на оштетување.
Ако се сомневате, консултирајте се со продавачот.
•Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинства и
слични намени. Не смее да се користи за комерцијални или
угостителски намени, ниту пак на мобилни предмети, какви
што се каравани или пловни објекти.
•Не чувајте експлозивни супстанции во апаратот какви што се
конзерви со аеросол што содржат запаллив гас.
•
Деца на возраст меѓу 3 и 8 години може да ставаат или да
вадат артикли од фрижидерот.
• Апаратот за ладење не е наменет да се користи како вграден апарат.
Ризик од пожар и запаливи материјали
Овој симбол ве предупредува за запаливи материјали
што може да се запалат и да предизвикаат пожар ако не
се грижите.
• Овој апарат содржи мала количина на изобутанско средство за
ладење (R600a), но тоа е исто така запалливо. При транспорт и
монтажа на апаратот, треба да се внимава за да не се оштетат
делови од колото за средството за ладење.
8
МК