Bosch GLM 500 Professional Manual Original página 362

Tabla de contenido
362 | Македонски
При големи отстапувања мерниот уред мора одново да се калибрира. За тоа
изберете
во поставките. Следете ги упатствата на екранот.
По големи промени на температурата и по удари, препорачуваме да се изврши
проверка на точноста и ев. калибрирање на мерниот уред. По промена на
температурата, мерниот уред мора да се прилагоди на нормалната температура
некое време пред да се изврши калибрација.
Проверка на точноста на мерењето на растојание
Точноста на мерниот уред може да ја проверите на следниов начин:
– Изберете едно непроменливо мерно подрачје со должина од околу 3 до 10 m,
чија должина точно ја знаете (на пр. ширината на просторијата, отворот на
вратата). Мерењето треба да се врши при поволни услови, т. е. мерното подрачје
треба да биде во внатрешниот простор со слабо позадинско осветлување и
целната површина на мерењето треба да биде мазна и добро да рефлектира.
– Измерете го подрачјето 10 пати едно по друго.
Отстапувањето од средната вредност при поединечните мерења смее да изнесува
максимум  ±4 mm на целото мерно подрачје при поволни услови. Запишувајте ги
мерењата, за да може подоцна да ја споредите точноста.
Работење со статив (опрема)
Користењето на стативот е особено потребно при големи растојанија. Мерниот уред
со 1/4"-навој (13) поставете го на плоча со брзо ослободување на стативот (18) или
на вообичаен фото-статив. Цврсто завртете ја брзо заменливата плоча со завртка за
фиксирање.
Соодветно поставете го референтното ниво за мерење со стативот, со притискање
на копчето (4) (референтно ниво за навој).
Порака за грешка
Доколку мерењето не може да се правилно да се изврши, на екранот се прикажува
пораката за грешка „Error". Исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го и
одново стартувајте го мерењето.
Мерниот уред ја контролира точната функција при секое мерење.
Доколку се утврди дефект, на екранот стои само ознаката покрај
него и мерниот уред се исклучува. Во ваков случај предадете го
Вашиот мерен уред преку Вашиот трговец на сервисната служба на
Bosch.
1 609 92A 4RG | (15.11.2018)
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido