OBJ_BUCH-1267-004.book Page 212 Tuesday, April 19, 2016 11:55 AM
212 | Македонски
Ставете го акумулаторот во отворот 22, така што
приклучоците на акумулаторот ќе лежат на приклучоците
во отворот за полнење 22 и вклопете го акумулаторот во
отворот.
Штом ќе се стави акумулатор со
доволен напон, се појавува приказот
за акумулатор l на екранот.
Приказот за акумулатор l трепка,
доколку акумулаторот е слаб.
За вадење на батеријата 25 притиснете на копчето за
отклучување на акумулаторот и извлечете го од отворот за
полнење 22.
По ставањето одн. вадењето на батеријата затворете го
поклопецот од преградата за батерии 24. Заклучете го
поклопецот на преградата за батерии, така што ќе го
закачите лостот за заклучување 23 во куќиштето и ќе го
притиснете надолу.
Доколку е потребно, носете заштитни ракавици при
вадење на акумулаторот. Акумулаторот може многу
да се вжешти за време на полнењето.
Ставање/менување на батериите за резервно
напојување (види слика A)
За да можете да го зачувате времето на часовникот на
радио-полначот, мора да бидат ставени батериите за
резервно напојување. Притоа се препорачува користење
на алкално-мангански батерии.
Отворете го лостот за заклучување 23 на преградата за
акумулаторот („Charger/Battery Bay") и отворете го
поклопецот на преградата за акумулаторот 24.
Доколку е потребно извадете ја батеријата 25.
За да го отворите поклопецот од преградата за батерии 18
притиснете на блокадата 17 и извадете го поклопецот од
преградата за батерии. Ставете ги батериите за резервно
напојување. Притоа внимавајте на половите во согласност
со приказот на внатрешната страна од преградата за
батерии.
Повторно ставете го поклопецот 18 на преградата за
резервни батерии.
„REPLACE AA BATTERY WHEN UNIT NO LONGER KEEPS
CORRECT TIME": Заменете ги резервните батерии,
доколку времето на радио-полначот не може да се зачува.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Извадете ги резервните батерии од радио-полначот
доколку не сте го користеле подолг период. Доколку
се подолго време складирани, резервните батерии
може да кородираат и да се испразнат.
Употреба
Заштитете го радио-полначот од влага и директно
сончево зрачење.
1 609 92A 2NF | (19.4.16)
Аудио режим (види ги сликите B и C)
Некои од функциите на аудио режимот може да се
контролираат и преку далечински управувач (види
„Далечински управувач", страна 214).
Вклучување/исклучување на аудио режим
За вклучување на аудио режимот (радио и надворешни
уреди за репродукција) притиснете на копчето за
вклучување-исклучување 38. Екранот 39 ќе се активира и
ќе го репродуцира аудио изворот поставен при
последното исклучување на радио-полначот.
Доколку радио-полначот е во режим на заштеда на
енергија (види „Режим за заштеда на енергија",
страна 216), за да го вклучите аудио режимот притиснете
два пати на копчето за вклучување-исклучување 38.
За исклучување на аудио режимот одново притиснете на
копчето за вклучување-исклучување 38. Ќе се зачува
моменталната поставка на аудио изворот.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го радио-полначот
само доколку го користите.
Подесување на гласноста
За да ја зголемите гласноста свртете го ротационото копче
„Volume" 37 во правец на стрелките од часовникот, а за
намалување на гласноста свртете го ротационото копче во
правец спротивен на стрелките од часовникот.
Подесувањето на гласноста (вредност помеѓу 0 и 20) се
појавува неколку секунди на приказот d на екранот.
Пред подесувањето или менувањето на радио станицата
поставете ја гласноста на пониска вредност, а пред стартот
на надворешен аудио извор на средна вредност.
Подесување на бојата на звукот
За оптимална репродукција на тонот во радио-полначот за
градилиште има вграден изедначувач.
Нивото на висок тон и басот можете да ги промените рачно
или да ги користите претходните подесувања на бојата на
тонот за различни стилови музика. Може да ги изберете
претходно програмираните поставки „JAZZ", „ROCK",
„POP" и „CLASSICAL" како и самопрограмирачката
поставка „CUSTOM".
За да ги изберете зачуваните претходни подесувања за
бојата на тонот, притискајте на копчето за избор на
претходни подесувања за бојата на тонот „Equalizer" 26,
додека не се појави саканата поставка на приказот a на
екранот.
Промена на поставката „CUSTOM":
– Притиснете еднаш на копчето за рачно подесување на
бојата на тонот „Custom" 28. На екранот трепкаат
приказот „BAS" c и на приказот d зачуваната вредност
на нивото на бас.
– Поставете го саканото ниво на бас (вредност помеѓу 0 и
10). За да го зголемите нивото на бас свртете го
ротационото копче „Bass/Treb" 37 во правец на
стрелките на часовникот, а за да го намалите свртете го
во правец спротивен на стрелките од часовникот.
– За зачувување на поставеното ниво на бас притиснете
на копчето за рачно подесување на бојата на тонот
„Custom" 28 по втор пат. На екранот трепкаат приказот
Bosch Power Tools