напојување со струја и/или на батерија, пред да го
земете или носите. Доколку при носењето на
апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте
го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување
со струја, ова може да предизвика несреќа.
Извадете ги алатите за подесување или клучевите за
зашрафување, пред да го вклучите електричниот
апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите
на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
Избегнувајте абнормално држење на телото.
Застанете во сигурна положба и постојано држете
рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го
контролирате електричниот апарат во неочекувани
ситуации.
Носете соодветна облека. Не носете широка облека
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците
подалеку од подвижните делови. Лесната облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат од
подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за
вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно
се приклучени и прикладно се користат.
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува
опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
Не го преоптоварувајте уредот. Користете го
соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат ќе работите
подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
Не користете го електричниот апарат, доколку има
дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.
Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие
упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги
користат неискусни лица.
Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
Bosch Power Tools
Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за рамни брусилки
Општи безбедносни напомени за брусење, работење
со жичени четки, полирање и глодање
Овој електричен апарат се употребува како алатка
за брусење, полирање (GGS 8 CE), за глодање и
работење со жичани четки (GGS 8 CE). Внимавајте
на сите безбедносни напомени, упатства, прикази и
податоци што сте ги добиле во прилог на
електричниот апарат. Доколку не внимавате на
следните упатства, може да дојде до електричен удар,
пожар и/или тешки повреди.
Овој електричен апарат не е погоден за брусење со
брусна хартија или сечење со брусни плочи. Доколку
го користите електричниот апарат за несоодветни
намени, може да се предизвикаат опасност и повреди.
Не користете прибор што не е специјално предвиден
и препорачан од производителот на овој електричен
апарат. Не Ви е загарантирана безбедната употреба,
само заради фактот дека приборот може да се
прицврсти на вашиот електричен апарат.
Дозволениот број на вртежи на опремата за
брусење мора да биде исто толку висок како
највисокиот број на вртежи наведен на
електричниот апарат. Опремата за брусење којашто
се врти побрзо од дозволеното може да се скрши и да
летне од алатот.
Надворешниот дијаметар и дебелината на алатот
што се вметнува мора да одговараат на димензиите
на вашиот електричен апарат. Погрешно
димензионираните алати за вметнување не може
доволно да се заштитат или контролираат.
Брусните плочи, брусните валјаци или другата
опрема мора да биде соодветна на вретеното за
брусење или затезната чаура на вашиот електричен
апарат. Алатите за вметнување што не може точно да се
прицврстат во прифатот за алат на електричниот
апарат, се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и
може да доведат до губење на контролата.
Дисковите, цилиндрите за брусење, алатите за
сечење или другата опрема монтирани на трнот
мора целосно да бидат вметнати во затегнувачката
чаура или затегнувачката глава. „Издадениот" одн.
слободниот дел на трнот помеѓу брусното тело и
затегнувачката чаура мора да биде минимален.
Македонски | 147
3 609 929 C85 | (18.6.14)