Bosch Professional GLL 3-15 X Manual Original página 57

Ocultar thumbs Ver también para Professional GLL 3-15 X:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 18
OBJ_BUCH-2751-003.book Page 57 Monday, June 20, 2016 10:34 AM
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 3°
на хоризонталата, ласерските линии трепкаат во брз такт.
Поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го
самонивелирањето. Штом мерниот уред ќе се најде во
полето на самонивелирање од ±3°, ласерските линии
светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на ласерската линија во однос на
референтните точки, за да се избегнат грешки.
Работење без автоматика за нивелирање
За работење без автоматика за нивелирање, притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во
позиција „
On". При исклучена автоматика за
нивелирање, приказот 14 свети црвено и ласерските
линии непрекинато трепкаат во бавен такт.
При исклучена автоматика за нивелирање, мерниот уред
може да го држите слободно во рака или да го поставите на
навалена подлога. Ласерските линии не мора да се
вертикално една кон друга.
Точност при нивелирање
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено
температурните разлики кои се движат од подот нагоре
може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи топлинското раслојување е најголемо во близина
на подот, доколку е возможно монтирајте го мерниот уред
на статив 19 и поставете го во средината на работната
површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како напр.
падови или јаки потреси). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на висините, како и на
нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а потоа
точноста на нивелирањето на вертикалните ласерски
линии.
Доколку, при некоја од проверките, мерниот уред го
пречекори максималното мерно отстапување, дајте го на
поправка во сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на висината на хоризонталната
линија
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
5 м на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
ротирачка платформа, одн. на еден статив или
поставете го на цврста, рамна подлога. Вклучете го
мерниот уред во режим со автоматика за нивелирање.
Вклучете ги хоризонталниот режим и еден од
вертикалните начини на работа.
Bosch Power Tools
A
5 m
– Насочете го ласерот во близина на ѕидот A и оставете го
мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината
на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на
ѕидот (точка I).
A
180°
– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се
нивелира и означете ја точката на вкрстување на
ласерските линии на спротивниот ѕид B (точка II).
– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во
близина на ѕидот B, вклучете го и оставете го да се
нивелира.
A
– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на
стативот или евентуално со подлогата), така што
точката на вкрстување на ласерските линии точно ќе ја
погоди претходно означената точка II на ѕидот B.
Македонски | 57
B
B
B
1 609 92A 301 | (20.6.16)
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gll 3-15 x professional

Tabla de contenido