Приказот за наполнетост на батеријата (6) го прикажува напредокот на полнењето.
За време на процесот на полнење, приказот трепка зелено. Батеријата е целосно
наполнета, доколку приказот непрекинато свети зелено.
За време на процесот на полнење се затоплува дршката на електричниот алат. Ова е
нормално.
При подолго некористење извадете го електричниот алат од струјното напојување.
Електричниот алат не може да се користи за време на процесот на полнење; тој не е
дефектен доколку не функционира за време на процесот на полнење.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Промена на алат
Не користете двострани уметоци за одвртувачот, што се подолги од 25 mm.
u
Ставање на алатот за вметнување
Вметнете го алатот за вметнување во внатрешната шестаголната глава на алатот за
прифат (2), додека не се вклопи.
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете го алатот за вметнување од алатот за прифат (2), доколку е потребно со
помош на клешти.
Употреба
Ставање во употреба
Подесување на правецот на вртење (види слика B)
Прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) активирајте го само
u
кога електричниот алат е во мирување. Инаку може да предизвика штети.
Тек на десно: За навртување на завртки притиснете го прекинувачот за промена на
правецот на вртење (5) нанапред.
Лев тек: За олабавување одн. за одвртување на завртки притиснете го
прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) наназад.
Фиксирање на вретеното (види слика C)
За фиксирање на вретеното ставете го прекинувачот за правец на вртење (5) во
средна позиција.
Ова овозможува навртување на завртки и при испразнета батерија, одн. користење
на електричниот алат како одвртувач.
Bosch Power Tools
Македонски | 285
1 609 92A 6M4 | (21.05.2021)