OBJ_BUCH-2936-001.book Page 136 Monday, December 19, 2016 2:52 PM
136 | Македонски
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
6 и држете го притиснат.
За Фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 6 притиснете го копчето за
фиксирање 5.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 6 одн. доколку
тој е блокиран со копчето за фиксирање 5, кратко
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
6 и потоа ослободете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Брзо исклучување (Kickback Control) (PSB Universal
Брзото исклучување (Kickback Control) нуди
подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја
зголемува заштитата при користење, во споредба
со електричните алати без Kickback Control. При
ненадејна и непредвидена ротација на
електричниот алат околу оската за дупчење, тој се
исклучува.
За повторно ставање во употреба отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување и одново
притиснете го.
Ако функцијата Kickback Control е дефектна,
дупчалката не се вклучува. Поправката на
електричниот алат смее се изврши само од страна
на квалификуван стручен персонал и само со
користење на оригинални резервни делови.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
апарат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 6.
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 се постигнуваат мал број на
вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се
зголемува и бројот на вртежи/удари.
Бирање на бројот на вртежи/удари
Со вртливото копче за подесување на бројот на вртежи 7
може да го изберете потребниот број на вртежи/удари и за
време на користењето на апаратот.
Неопходниот број на вртежи/удари зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
1 609 92A 2LY | (19.12.16)
По долготрајна работа со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот апарат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
+
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
)
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/EU за електрични и електронски
уреди и нивна национална употреба, елек-
тричните апарати што се вон употреба
мора одделно да се собираат и да се реци-
клираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Bosch Power Tools