дрвото, вертикално во правецот на паѓањето како
што е прикажано i б
- прво направете го долниот хоризонтален жлеб
(така ќе помогнете да се избегне зафаќање на
синџирот или на лостот кога ќе се прави вториот
засек)
- направете го засекот за соборување (3) барем
50 мм повисоко од хоризонталниот засек
(одржете го засекот за соборување паралелен со
хоризонталниот засек) i b
- направете го засекот за соборување така што ќе
остане доволно дрво што ќе послужи како стожер
(стожерот го одвраќа дрвото од вртење и паѓање
во погрешен правец. Не пресекувајте го стожерот)
- кога соборувањето ќе дојде близу до стожерот,
дрвото треба да почне да паѓа
- ако постои каква било можност дрвото да не падне
во саканата насока или ако се поврати наназад и
го заврзе синџирот, престанете со сечење пред да
го завршите засекот за соборување и употребете
дрвени, пластични или алуминиумски клинови за
да го отворите засекот и да го соборите дрвото во
саканата линија на паѓање i в
- кога дрвото ќе започне да паѓа, извадете ја пилата
од засекот, исклучете го моторот, спуштете ја
пилата и потоа повлечете се по испланираната
патека (внимавајте на гранките што ќе паѓаат
наоколу и внимавајте каде газите)
•
Кастрење дрво o
Кастрењето е отстранување гранки од паднато дрво
- при кастрењето, оставете ги поголемите гранки
одоздола како потпора на трупецот врз земјата
- тргнете ги малите гранки со еден засек како што е
прикажано на сликата
- затегнатите гранки треба да се сечат одоздола
нагоре за да се избегне заплеткување на пилата
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
•
Овој алат не е наменет за професионална употреба
•
Алатот секогаш да се одржува чист (особено
отворите за ладење W 2 )
! отстранете ја батеријата од алатот пред
чистење
- исчистете го извалканото пластично куќиште на
пилата со мека четка и чиста крпа (не користете
вода, растворувачи и политура)
- извадете и исчеткајте ги плочата на капакот,
синџирот и лостот по 1 до 3 часа работа
- исчистете ја областа под капакот, запченикот на
погонот и лостот со мека четка и чиста крпа
- исчистете го испустот за масло со чиста крпа
•
Редовно проверувајте дали има очигледни дефекти
како разлабавени, изместени или оштетени синџир
и лост, разлабавени стеги и изабени или оштетени
делови
Спроведете ги неопходните постапки за одржување
•
и поправка пред да работите со пилата
•
Правилната работа на автоматскиот подмачкувач
може да се провери ако ја вклучите пилата и го
насочите врвот на лостот кон парче картон или
хартија на земјата
! не допирајте ја земјата со синџирот
(обезбедете безбедно растојание од 20 цм)
- ако има растечка дамка со масло, автоматскиот
подмачкувач работи правилно
- ако нема дамка со масло и покрај тоа што
резервоарот полн, погледнете во "РЕШАВАЊЕ
ПРОБЛЕМИ" или контактирајте со застапникот
•
Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
! пред враќање, резервоарот со масло мора да
се испразни целосно
•
Имајте предвид дека оштетувањето настанато
заради преоптоварување или неправилно ракување
со алатот ја отфрла гаранцијата (видете на
www.skil.com или прашајте го продавачот за условите
на гаранцијата на SKIL)
•
Чување p
- ако пилата се одложува на подолг период,
исчистете ги синџирот и лостот
- пред одложување на алатот, резервоарот со масло
мора да се испразни целосно
- ставете ја заштитата за синџирот X кога го
одложувате алатот
- внимателно поставете ја шината за складирање
Y на ѕид со 2 шрафа (не се доставуваат) и
порамнете хоризонтално
- осигурите се дека куката Z е монтирана заедно со
шината Y
- чувајте ја алатката така што ќе ја закачите на
куката за складирање Z
- внимавајте на протекување масло кога користите
кука за складирање Z
- чувајте ја машината во затворен простор на суво
и затворено место и подалеку од дофат на деца
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
•
Следниот список ги прикажува симптомите за
проблемите, можните причини и дејства за поправка
(контактирајте со продавачот или сервисерот
ако истите не го идентификуваат ниту решаваат
проблемот)
! во случај на електричен или механички дефект,
веднаш исклучете го алатот и извадете ја
батеријата
Машината не работи
- се активира сопирачката при повратен удар
-> повлечете ја рачната заштита S 2 назад во
позиција
- празна батерија -> наполнете ја батеријата
- топла батерија -> оставете ја батеријата да се
излади
- внатрешен дефект -> контактирајте со продавачот/
сервисерот
Машината работи со прекини
- оштетување на внатрешното поврзување ->
контактирајте со продавачот/ сервисерот
- оштетување на прекинувачот за вклучување/
исклучување -> контактирајте со продавачот/
сервисерот
202