Skil GT1-0540 Serie Manual Original página 200

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 65
Полнење на акумулаторска батерија
! прочитајте ги безбедносните предупредувања
и упатствата дадени со полначот
Вадење/инсталирање на батеријата 2
- Треба да се стави батерија 2
Индикатор за нивото на батеријата q
- притиснете на индикаторот за нивото на батеријата
P за да се прикаже тековното ниво на батеријата
q a
! ако по притискање на копчето P q b почне
да трепка индикаторот за најниско ниво на
батеријата, тогаш батеријата е празна
! кога ќе почне да трепка индикаторот за
нивоата на батеријата 2 по притискање на
копчето P q c, батеријата не е во рамките на
дозволениот опсег за работна температура
Заштита на батеријата
Алатот наеднаш се исклучува или не може да се
вклучи, кога
- товарот е преголем --> отстранете го товарот и
почнете повторно
- температурата на батеријата не е во рамките
на дозволениот опсег на работна температура
од -20 до +50°C --> 2 нивоата на индикаторот за
ниво на батеријата почнуваат да трепкаат кога ќе
го притиснете копчето P q b; почекајте батеријата
да се врати во рамките на дозволениот опсег на
работна температура
- батеријата е скоро празна (заштита од целосно
празнење) --> на индикаторот за нивото на
батеријата ќе се прикаже ниско ниво на батеријата
или ќе трепка за ниско ниво на батеријата q c
кога ќе притиснете на копчето P; наполнете ја
батеријата
! не продолжувајте да притискате на
прекинувачот за вклучување/исклучување
откако алатот ќе се исклучи автоматски;
батеријата ќе се оштети
Затегнување на синџирот w
! извадете ја батеријата од машината
- поставете ја моторната пила на соодветна, рамна
површина
- проверете дали поврзувањата на синџирот се
правилно поставени во процепот околу лостот D
1. разлабавувајте го копчето за
заклучување B за да го одржува лостот
на неговото место (не вадете го)
2. подигнете го лостот малку и
држете го во таа положба
3. вртете го копчето за затегнување на
синџирот K нагоре додека не излезат
поврзувањата на синџирот и САМО
допрете го долниот дел на лостот D
4. затегнете го копчето за заклучување B вртејќи
го во правецот на стрелките на часовникот
5. ослободете го лостот
6. правилната затегнатост на синџирот е
постигната ако тој може да се подигне
околу 4 мм од лостот во центарот
! секогаш проверувајте ја затегнатоста на
синџирот пред употреба, по првите сечења
и редовно во текот на работата (на секои 10
минути)
- по првичната работа, новите синџири може
значително да се продолжат
- векот на траење на пилата главно зависи
задоволителното подмачкување и правилното
затегнување
- избегнувате затегнување на синџирот ако е
врел зашто така ќе предизвикате тој да биде
презатегнат кога ќе се олади
Подмачкување e
Векот на траење на синџирот и капацитетот за
сечење зависат од правилното подмачкување. Затоа
синџирот се подмачкува автоматски во текот на
работата преку испустот за масло L 2
! пилата не се доставува наполнета со масло;
мора да наполните масло пред да работите
! никогаш не работете со пилата без масло за
синџирот или со празен резервоар за масло
бидејќи тоа доведува до големо оштетување на
производот
- поставете ја пилата на соодветна површина со
капачето за резервоарот M свртено нагоре
- отшрафете го капачето и ставајте масло за моторна
пила (не се доставува) додека не се наполни
резервоарот
- внимавајте нечистотија или отпад да не влезат во
резервоарот
- ставете го капачето на резервоарот за масло и
затегнете го
! проверете го нивото на маслото пред почеток и
редовно во текот на работата; дополнете масло
само кога нивото на маслото е под индикаторот
N
- едно полнење на резервоарот со масло трае околу
15 минути во зависност од интензитетот на пилење
и прекините
- никогаш не користете рециклирано/старо масло
Вклучено/Исклучено r
- вклучете ја машината прво со притискање на
безбедносниот прекинувач Q и потоа повлечете го
прекинувачот за активирање R
- исклучете го алатот со ослободување на
прекинувачот R
! не застанувајте ја пилата по сечење со
активирање на предната рачна заштита S 2 (=
сопирачка при повратен удар)
Сопирачка при повратен удар t
Сопирачката при повратен удар е безбедносен
механизам којшто се активира преку предната рачна
заштита S кога ќе дојде до повратен удар -> синџирот
веднаш запира
Следната проверка на функциите треба да се
извршува на редовни интервали:
- притиснете ја предната рачна заштита S напред
и вклучете ја пилата -> синџирот не смее да се
придвижи
- пуштете го прекинувачот за активирање за да ја
дезактивирате сопирачката при повратен удар R и
повлечете ја рачната заштита S назад
Работа со алатот
- секогаш држете ја моторната пила цврсто со двете
раце (предниот држач T со левата рака, а задниот
држач U со десна рака). Никогаш не работете со
пилата само со една рака y a
200
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

0540

Tabla de contenido