OBJ_BUCH-3033-001.book Page 188 Friday, September 30, 2016 11:26 AM
188 | Македонски
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото
Во оваа позиција, прекинувачот за
запирање на удари/вртежи 11 не се
вклопува.
Позиција за Длетување
Поставете го правецот на вртење (види слика L)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 8
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 9 е притиснат ова не е
возможно.
Тек десно: Притиснете го прекинувачот за правец на
вртење 8 налево до крај.
Тек левоПритиснете го прекинувачот за правец на
вртење 8 надесно до крај.
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и
длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
– За вклучување на електричниот апарат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 9.
При првото вклучување на електричниот апарат може да
дојде до одложување на стартот на апаратот.
– За Исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 9.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
апарат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 9.
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 9 се постигнуваат мал број на
вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се
зголемува и бројот на вртежи/удари.
Спојка за заштита од преоптоварување
Доколку алатот што се вметнува се стегне или
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот апарат секогаш држете го,
поради јачината со која работи, цврсто со двете
дланки и застанете во сигурна положба.
Исклучете го електричниот апарат и олабавете го
алатот што се вметнува, доколку се блокира
електричниот апарат. Доколку вклучите блокиран
алат за дупчење настануваат моменти на
блокирање.
1 609 92A 2CT | (30.9.16)
Приказ за контрола на температурата
Црвеното LED светло на приказот за контрола на
температурата 14 сигнализира, дека батеријата или
електрониката на електричниот апарат (со вметната
батерија) не е во оптималните граници на температурата.
Во овој случај електричниот апарат не работи или не
работи со полна јачина.
Контрола на температурата на батеријата:
– Црвеното LED светло 14 свети постојано при
вметнувањето на батеријата во полначот: Батеријата е
надвор од границите на температурата за полнење од
0 °C до 45 °C и не може да се наполни.
– Црвеното LED светло 14 трепка при притискање на
копчето 16 или на прекинувачот за
вклучување/исклучување 9 (при ставена батерија):
Батеријата е надвор од границите на работна
температура.
– При температура на батеријата од над 70 °C
електричниот апарат се исклучува, додека батеријата
не се врати во оптималните граници на температура.
Контрола на температурата на електрониката на
електричниот апарат:
– Црвеното LED светло 14 постојано свети при
притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 9: Температурата на
електрониката на електричниот апарат изнесува
помалку од 5 °C или повеќе од 75 °C.
– При температура од над 90 °C електрониката на
електричниот апарат се исклучува, додека не се врати
повторно во границите на температурата за работа.
Совети при работењето
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во36 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
11 во позиција „Vario-Lock" (види „Подесување на
начинот на работа", страна 187).
– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција
за длетување.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
11 во позиција „Длетување". Со тоа, прифатот за алат ќе
се фиксира.
– Поставете го правецот на вртење за длетување на десен
тек.
Вметнување на битови за одвртувач/зашрафувач
(види слика M)
Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
Држете го уредот за изолираните површини на
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се
вметнува или шрафот може да наиде на скриени
електрични кабли. Контактот со струјниот кабел може
металните делови на уредот да ги стави под напон и да
доведе до електричен удар.
Bosch Power Tools