Начини На Работа - Bosch GKT 18V-52 GC Professional Manual Original

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 41
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Исфрлувач на струготини (види слика I)
Исфрлувачот на струготини (18) слободно се врти.
На исфрлувачот на струготини (18) може да се приклучи
црево за всисување со дијаметар од 35 mm или вреќичка
за прав/струготини (51).
Заради обезбедување на оптимално всисување,
исфрлувачот на струготини (18) мора редовно да се
чисти.
Надворешно всисување
Цврсто прикачете црево за всисување со дијаметар од
35 mm (34) (опрема) на исфрлувачот на струготини (18).
Поврзете го цревото за всисување (34) со всисувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на
различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Начини на работа
Подесување на длабочината на сечење (види слика C)
Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
u
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, треба да биде видливо помалку од
полната висина на запците.
Притиснете го лизгачот (36) и поставете ја саканата
длабочина на сечење (дебелина на материјалот + висина
на запците на сечилото за пила) на скалата за подесување
на длабочината на сечење (10).
Bosch Power Tools
Прикажувач на длабочината на сечење (7) ја покажува
длабочината на сечењето при употреба на Bosch шина
водилка. При сечење без шина-водилка се зголемува
вредноста на длабочината на резот за дебелината на
Bosch шина-водилка.
Подесување на закосениот агол
Ставете го електричниот алат на рамна површина, така
што основната плоча (8) целосно има потпора.
Олабавете ги пеперутка-завртките (13) и (16). Навалете
ја пилата странично. Подесете ја саканата димензија на
скалата (11). Повторно затегнете ги пеперутка-завртките
(13) и (16). Внимание: Не користете сила на
дополнителната рачка (4) или на самата пила. При
невнимавање, може случајно да се постават различни
агли на косо сечење со пеперутка-завртките (13) и (16).
Како резултат на тоа, основната плоча не лежи рамно на
(8) на површината на FSN-шина водилката.
Доколку истовремено ги прицврстувате двете пеперутка-
завртки, може да е потребно да ја придржите пилата од
задната страна на дополнителната рачка (4). Исто така не
користете сила на дополнителната рачка (4) или на
самата пила, за да избегнете различни поставки.
Ако поставките сѐ уште се различни, олабавете ги двете
пеперутка-завртки (13) и (16) повторно. Поставете го
повторно аголот на косо сечење како што е опишано
погоре.
Пилата може да се подеси под агол на закосување од –1°
или +47°. При вртењето дополнително притиснете на
копчето (14) за агол на закосување од –1° или за агол на
закосување од +47°.
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење (10).
Напомена: Максималниот агол на закосување и
максималната длабочина на сечење се оптимизирани за
употреба со Bosch шина водилка.
Напомена: Со завртките за фино подесување (48) и (49)
можете повторно да го поставите аголот за сечење под
агол, на пр. по притисок.
Сечење без шина-водилка: При сечење од 45° без
шина-водилка длабочината на резот на скалата за
длабочина на резот (10) да не се постави повеќе од
40 mm, за да се загарантира точност на аголот и квалитет
на резот.
Ознаки за сечење (види слика B)
Ознаката на резот 0° (33) ја прикажува позицијата на
сечилото за пила при сечење на 0°- со или без употреба
на шина водилка.
Ознаката на резот 45° (32) ја прикажува позицијата на
сечилото за пила при сечење под 45° - при употреба без
шина водилка.
Напомена: Позицијата за вдлабнување на сечилото за
пила во делот што се обработува може да се види при
користење на шина-водилка со помош на ознаките за
вдлабнување (35).
Македонски | 265
1 609 92A 4XT | (11.02.2020)
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

3 601 fb4 0

Tabla de contenido