TESY GCV 303516D B14 Serie Instrucciones De Uso Y Mantenimiento página 76

Termo de agua electrico
Ocultar thumbs Ver también para GCV 303516D B14 Serie:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 12
Уредот се состои од тело, обрач на долната страна /за бојлери
МК
наменети за вертикална монтажа/ или на страните /за бојлери
наменети за хоризонтална монтажа/, заштитен пластичен панел
и безбедносен вентил.
1.
Телото се состои од челичен резервоар (сад за вода) и
куќиште (надворешен оклоп) со термална изолација поставена
помеѓу, направена од еколошки чиста полиуретанска пена со
висока густина, и две цевки со навој G ½ '' за довод на ладна
вода (означени со син прстен) и излезна цевка за топла вода
(означена со црвен прстен).
Внатрешниот сад може да е од различен тип во зависност од
моделот:
Направен од челик, заштитен од корозија од специјален слој
од стакло-керамика
Направен од нерѓосувачки челик
2.
Обрачок се состои од: електричен греач и термостат.
Греачите со слој од стакло-керамика имаат магнезиумска
заштита.
Греачот се користи за загревање на водата во садот и се
контролира преку термостатот, кој автоматски ја одржува
избраната температура.
Термостатот има вграден безбедносен уред кој штити од
прегревање, кој го исклучува греачот кога водата ќе постигне
високи температури.
Безбедносниот вентил спречува целосно празнење на
3.
уредот во случај на прекин на доводот за ладна вода. Вентилот
го штити уредот од зголемување на притисокот на вредности
поголеми од дозволените при загревањето (! притисокот се
зголемува со зголемување на температурата), преку испуштање
на притисокот низ отворот за истекување.
Безбедносниот вентил не може да го заштити уредот во
случај на притисок на доводот на вода кој е поголем од
назначените вредности за уредот.
МОНТИРАЊЕ И ВКЛУЧУВАЊЕ
V.
ВНИМАНИЕ! Погрешната инсталација и поврзување на
апаратот може да предизвика опасност за здравјето и
животот на корисниците како е можно да нанесе тешки
континуирани последици на нив, вклучувајќи но не ограничувајќи со
физички оштетувања и / или смрт. Ова исто така може дадоведе
до оштетувања на нивниот имот/ оштеување и / или уништување(
како и тоа на трети страни предизвикани вклучувајќи, но не само од
поплавување, експлозија и пожар.
Инсталирањето, поврзувањето со водоводната електричната
мрежа пуштањето во експлоатација мора да го извршуват
само и единствено квалификувни електричари и техничари,
овластени за ремонт и инсталирање на апаратот, кои се добили
правоспособност на територијата на земјата на која се врши
инсталирањето и пуштањето во експлоатаација на апаратот и во
согласност со нормативната уредба.
Забелешка: Инсталирањето на апаратот е за сметка на
купувачот.
Монтирање
1.
Препорачуваме монтирање на уредот во близина на местото
каде што се користи топлата вода, со цел да се намали губење
на топлината при транспорт. Во случај на монтажа на уредот
во бања, избраната локација мора да ја исклучи можноста за
прскање на вода преку тушок или додатокот за туширање.
Уредот е фиксиран за ѕид преку држач за монтажа кој е
прикачен за телото на уредот (ако држачот не е прикачен, треба
да се прикачи со доставените завртки). Двете куки се користат
за закачување на уредот (мин. Ø 10 mm) и цврсто треба да
се прикачат на ѕидот (не се вклучени во сетот за монтажа).
Конструкцијата на држачот за монтажа која е дизајнирана за
бојлери со
вертикална монтажа GCV е универзална и овозможува растојание
на куките од 220 до 310 mm (сл. 1a).
За бојлери со хоризонтална монтажа, растојанието меѓу куките
варира за различните модели и се назначени во:
GCH - табела 2 до сл. 1b;
GCR - табела 3 до сл. 1c.
Со цел да се спречи повреда на корисникот и трети лица во
случај на грешка во системот кој овозможува топла вода,
уредот мора да се монтира во просторија која има подна
хидроизолација и одвод. Не поставувајте предмети, кои не се
водоотпорни, под уредот под никоја околност. Во случај на монтажа
на уредот во просторија која нема подна хидроизолација, потребно е
да се постави одвод под уредот.
Забелешка: сетот не вклучува заштитна када и корисникот
мора да ја избере истата.
76
Инструкции за употреба и одржување
Поврзување со водовод.
2.
Сл. 4;
Каде: 1 – Влезна цевка; 2 – Безбедносен вентил; 3 – Вентил
за редукција (за притисок на вода > 0,6 MPa); 4 – Запирачки
вентил; 5 – Инка поврзана со одвод; 6 – Црево; 7 – Славина за
истекување на вода.
По поврзување на бојлерот со водоводот, мора да ги следите
индикативните ознаки /прстени/ кои се прикачени на цевките:
сино за ладна /влезна/ вода, црвено за топла /излезна/ вода.
Монтирањето на безбедносниот вентил кој е доставен со
бојлерот е задолжително. Безбедносниот вентил мора да се
монтира на цевката за ладна вода, следејќи ја насоката на
стрелката која е испечатена на телото и ја покажува насоката
на влезната вода. Не смее да се монтираат дополнителни
запирни вентили меѓу безбедносниот вентил и бојлерот.
Исклучок: Ако локалните регулативи (норми) бараат употреба
на дополнителен заштитен вентил или механизам (во
согласност со EN 1487 или EN 1489), тогаш мора дополнително
да се купи. За механиззми кои работат во согласност со EN
1487 назначениот работен притисок не смее да биде повисок
од 0.7 MPa. За други заштитни вентили, притисокот на кои се
калибрирани треба да биде за 0.1 MPa понизок од назначениот
притисок на знакот на уредот. Во тој случај, безбедносниот
вентил које доставен со уредот не треба да се користи.
Присуството на друг /стар/ безбедносен вентил може да
предизвика расипување на уредот и поради тоа мора да се
отстрани.
Друг вид на запирачка арматура не се дозволува меѓу
заштитниот вентил (заштитниот уред) и уредот.
Поставувањето на заштитниот вентил на навои подолги од
10 mm не се дозволува, во спротивно може да се оштети
вентилот и предизвикува опасност за уредот.
Со бојлери за вертикална монтажа, заштитниот вентил
треба да се поврзе на влезната цевка додека безбедносниот
пластичен панел е отстранет.
Заштитниот вентил и цевката меѓу вентилот и бојлерот мора
да се заштитат од замрзнување. При истекување, цревото – е
секогаш слободно и отворено на атмосфера (не потопено во
вода). Осигурајте се едка цревото е заштитено од замрзнување.
Отворањето на вентилот за ладна вода на доводот за вода
и отворањето на топлиот вентил од славината која ја меша
водата го изведува полнењето на бојлерот со вода. Откако
полнењето ќе заврши, мора да почне постојан тек на вода
низ славината за мешана вода. Сега, можете да го затворите
вентилот за топла вода.
Во случај кога е потребно да се испразни бојлерот, прво мора
да го исклучите од струја. Текот на водата од доводот мора да
се прекине и доводот за топла вода од славината за мешана
вода мора да се отвори. Славината 7 (сл. 4) мора да се отвори
за да се испразни водата од садот. Ако нема таква славина
вградена во цевката, водата ќе истече директно од влезната
евка на садот за вода откако ќе го дисконектирате од доводот
за вода.
Во случај на отстранувањена обрачот, отфрлањето на неколку
литри вода, кои остануваат во садот, е нормално.
Мора да преземете мерки за да се спречи штета од водата
која истекува при празнењето.
Во случај притисокот на доводот да е над назначената
вредност во горниот параграф, тогаш е потребно да се постави
вентил за редуцирање, во спротивно бојлерот нема правилно
да функционира. Производителот не прифаќа одговорност за
проблеми предизвикани од неправилна употреба од страна на
корисникот.
Поврзување со електричната мрежа
3.
Осигурајте се дека уредот е полн пред да го вклучите напојувањето.
Модели со кабел за напојување и приклучок се
3.1.
поврзуваат со внесување на приклучокот во контакт. Тие
се исклучуваат од напојувањето со отстранување на
приклучокот од контактот.
Штекерот мора да биде правилно поврзан со одделно електрично
коло со соодветна заштита. Мора да биде заземјен.
Бојлери опремени со кабел за напојување без приклучок.
3.2.
Уредот треба да се поврзе со одделно електрично коло
од електричната мрежа. Поврзувањето треба да биде
постојано – без приклучоци за контакт. Колото треба да има
безбедносен осигурувач (16А) и вграден уред кој овозможува
дисконекција на сите полови во случај на прекумерена
волтажа од категорија III.
Поврзувањето на проводниците од кабелот за напојување на
уредот треба да се изведе на следниот начин:
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido