Секојдневна Употреба - Zanussi ZFC627WAP Manual De Instrucciones

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 110
ВАЖНО Не користете детергенти или
груби прашоци, тие може да ја оштетат
политурата.
Секојдневна употреба
Смрзнување свежа храна
Комората на замрзнувачот е погодна за
замрзнување свежа храна и чување
смрзната и длабоко смрзната храна
подолго време.
За да смрзнете свежа храна, вклучете ја
функцијата за брзо смрзнување барем
24 часа пред да ја ставите храната да се
мрзне во комората.
Максималното количество храна што
може да се смрзне за 24 часа е
одредено на плочката со спецификации
32)
Смрзнувањето трае 24 часа: за време на
овој период не додавајте друга храна за
мрзнење.
Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред да ставите
производи во преградата, оставете
апаратот да работи барем 2 часа на
најголемата поставка.
ВАЖНО Во случај на случајно
одмрзнување, на пример поради
снемување струја, ако немало струја
подолго време отколку под ставката
"време на одржување" во табелата за
технички карактеристики, одмрзнатата
храна мора да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа повторно да се
смрзне (откако ќе се излади).
32) Видете во "Технички податоци"
Календар на смрзната храна
Симболите прикажуваат различни
видови смрзната храна.
Броевите укажуваат на времето за
чување во месеци за соодветниот вид
смрзната храна. Дали ќе важи помалата
или поголемата вредност на покажаното
време за чување зависи од квалитетот
на храната и од обработката пред
мрзнењето.
Отворање и затворање на капакот
Бидејќи капакот има гума што затвора
херметички, не е лесно повторно да се
отвори веднаш откако ќе се затвори
(поради вакуумот што се создава
внатре).
Почекајте неколку минути пред потворно
да го отворите сандакот. Вакуумскиот
вентил ќе ви помогне да го отворите
капакот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не влечете ја
рачката со голема сила.
Корпи
Ставете ги корпите во замрзнувачот.
Корпите ќе влезат една во друга.
81
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido