Stiga RC 685 Manual De Instrucciones página 229

Ocultar thumbs Ver también para RC 685:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 119
2. Одржување на филтерот за воздух во масло
Нечист филтер за воздух го попречува минувањето на воздухот низ карбураторот. Филтерот
за воздух треба да се одржува за да избегнете дефект на карбураторот. Зачестете ги
интервалите за одржување ако моторот треба да работи во правлива средина.
Внимание! Никогаш не користете бензин или детергент со ниска точка на палење за
чистење на филтерот за воздух бидејќи може да дојде до искрење.
Забелешка! Никогаш не обидувајте се да го
запалите моторот без филтер за воздух. Може
да дојде до брзо абење на моторот. Секогаш
одржувајте константно ниво на масло!
1. Извадете и навртката-пеперутка и лежиштето
за филтерот за воздух и извлечете го елементот
со филтерот.
2. Употребете незапалив детергент или со
висока точка на палење за да го исчистите
елементот со филтерот и исушете го.
3. Дополнете масло до посоченото ниво (вид на
масло: SAE 15W-40).
4. Поставете го елементот со филтерот и лежиштето за филтерот за воздух на место.
3. Одржување на свеќичката за палење
Забелешка! Никогаш не користете ја свеќичката за палење со несоодветно напојување. За
да гарантирате нормално палење на моторот, растојанието меѓу електродите на свеќичката
за палење треба да е соодветно и без талози.
1. Користете специјален клуч за да ја извадите свеќичката за палење
Специјален клуч со грло за свеќички
Внимание! Ако моторот запре неочекувано, тогаш придушувачот е многу врел. Стојте
подалеку од високите температури за да избегнете изгореници.
2. Проверете ја свеќичката за палење. Ако е изабена или покажува дефекти или
оштетување, заменете ја. Ако има многу талог, исчистете ја со метална четкичка.
3. Земете мерач за да го измерите растојанието меѓу електродите на свеќичката. Точната
вредност треба да биде меѓу 0.70 и 0.80 мм.
4. Проверете дали мутерот на свеќичката за палење е во добра состојба. За да не го
оштетите навојот, завртете ја свеќичката за палење докрај со рака.
5. Откако ќе ја зашрафите свеќичката за палење докрај, земете специјален клуч со грло и
затегнете ги свеќичката и мутерот.
Забелешка! Ако свеќичката за палење е нова, затегнете ја свеќичката за уште половина
круг откако цврсто ќе го притиснете мутерот.
Ако свеќичката за палење е користена, затегнете ја за уште осмина/четвртина круг откако
цврсто ќе го притиснете мутерот.
Свеќичката за палење треба да биде соодветно поставена или ќе се прегрее и ќе го оштети
моторот.
14
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido