OBJ_BUCH-2783-001.book Page 55 Friday, September 30, 2016 2:30 PM
Македонски
Безбедносни напомени
Безбедносни напомени за уреди за
вшмукување
Прочитајте ги и строго почитувајте ги
безбедносните напомени во упатството за употреба
на електричниот алат што се користи со уред за
вшмукување.
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
монтажа, замена на алатот, чистење итн.) извадете
ја батеријата од истиот. При невнимателно ракување
со прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Внимание, постои опасност од пожар! Не
обработувајте метални материјали со монтиран
уред за вшмукување. Жешките метални струготини
може да ги запалат деловите на уредот за вшмукување.
Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава
може да влијае на губењето на слухот.
Придржувајте се до важечките национални и
меѓународни норми.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени за
предупредување и упатства приложени
на уредот за вшмукување. Грешките
настанати како резултат од непридржување
до безбедносните напомени и упатства
може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Отворете ја преклопената страница со приказ на уредот за
вшмукување и држете ја отворена, додека го читате
упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Уредот за вшмукување е наменет за вовлекување на
правта при дупчење во бетон, цигли, камен, керамика и
плочки. При дупчење во дрво, метал или пластика, не
смее да се користи уредот за вшмукување.
Уредот за вшмукување смее да се употребува само со
следните чекани за дупчење:
– GBH 18V-26
– GBH 18V-26 F
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на насликаните компоненти се однесува
на приказот на уредот за вшмукување на графичката
страница.
1 Окце за прав за SDS-plus-резервна глава за дупчење
2 Окце за прав за SDS-plus-фиксна глава за дупчење
3 Копче за подесување на длабочината на дупчење
4 Водилка со скала за граничникот за длабочина
Bosch Power Tools
5 Копче за подесување на должината на дупчалката
6 Копче за отклучување на кутијата за прав
7 Контролно прозорче
8 Копче за отклучување на уредот за вшмукување
9 Вод за куќиштето
10 Контакти
11 Водечки жлеб
12 Копче за фиксирање
13 Кутија за прав
14 HEPA-филтер*
15 Јазиче за заклучување на HEPA-филтрите
* HEPA-филтерот отстранува 99,97 % од сите честички над 0,3
микрометри.
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Уред за вшмукување
Број на дел/артикл
Дијаметар на дупчење
макс. должина на дупчалката
макс. длабочина на дупчење
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01:2014
Монтажа
Прицврстување на уредот за вшмукување
(види слика A)
– Поставете го чеканот за дупчење со водечкиот жлеб 11
на водот за куќиштето 9 на уредот за вшмукување и
ставете го уредот на чеканот за дупчење.
Треба да слушнете кога ќе се вклопи уредот за
вшмукување.
– За вадење притиснете го копчето за отклучување 8,
држете го притиснато и влечете го уредот за
вшмукување нанадвор од чеканот за дупчење.
Употреба
Совети при работењето
Никогаш не го користете уредот за вшмукување без
филтер. Ако го користите уредот за вшмукување без
филтер може да се фрлат поголеми честички од прав од
дупчењето кон корисникот и да се оштети електричниот
алат.
Користете само неоштетени филтери (без процепи,
дупки итн.). Веднаш заменете го оштетениот
филтер.
Никогаш не го фаќајте електричниот алат за уредот
за вшмукување.
Напомена: Водилката 4 е затегната со пружина. При
притискање на копчето 5 за подесување на должината на
дупчалката може водилката да се исфрли нанапред.
Македонски | 55
GDE 18V-16
1 600 A00 51N
мм
4–16
мм
165
мм
100
кг
1,2
1 609 92A 19U | (30.9.16)