По Работата; Редовно Одржување; Општо; Полнење Гориво - Stiga MP2 504 Serie Manual De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para MP2 504 Serie:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 130
ВАЖНО Застанете ја секогаш машината:
• При менување на локацијата на работа.
• При преминување на терени каде нема трева.
• Секојпат кога треба да поминете
преку некоја пречка.
• Пред да ја регулирате висината на косење.
• Секојпат кога ја вадите или поставувате
вреќата за собирање.
• Секојпат кога го вадите или поставувате
дефлекторот за задниот испуст (ако е предвидено).
• Секојпат кога го вадите или поставувате
дефлекторот за страничниот
испуст (ако е предвидено).
6.6
ПО РАБОТАТА
1.
Застанете ја машината (пасус 6.5).
2.
Отстранете го капачето на свеќичката, (сл.24.A).
3.
Притиснете го табулаторот (сл.24.B) и 
извадете го клучот (сл.24.C) (Модели со 
команда за електрично палење на копче).
4.
Оставете моторот да се излади пред да се 
остави машината во која било просторија.
5.
Исчистете ја машината (пасус 7.4).
6.
Проверете дали деловите се разлабавени 
или оштетени. Ако е потребно, заменете 
ги оштетените делови и затегнете ги 
разлабавените шрафови и навртки.
ВАЖНО Секојпат кога машината ја
оставате без надзор или не ја користите:
• Извадете го капачето на свеќичката (сл.24.A).
• Извадете го клучот (сл.24.C) или
батеријата (кај модели со команда за
електрично палење преку копче).
7.
РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
7.1
ОПШТО
Безбедносните одредби што треба да
ги следите се дадени во поглавје 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
Пред да извршите каква било контрола,
чистење или интервенција за одржување/
регулација на машината:
• Застанете ја машината.
• Проверете дали сите делови што се
движат се застанати целосно.
• Проверете дали моторот е соодветно изладен.
• Отстранете го капачето на свеќичката, (сл.24.A).
• Извадете го клучот (сл.24.C) или
батеријата (кај модели со команда за
електрично палење преку копче).
• Прочитајте ги соодветните упатства.
• Носете соодветна облека, работни
чевли и заштитни очила.
• Зачестеноста и висот на интервенција се дадени во 
„Табелата за одржување". Табелата го прикажува 
опсегот што ќе ви помогне при одржување на 
ефикасноста и безбедноста на машината. Во неа се 
прикажани главните интервенции и предвидените 
интервали за секоја од ставките. Извршете ја 
соодветната постапка пред првата појава.
• Употребата на резервни делови и дополнителна 
опрема коишто не се оригинални и/или не 
се правилно поставени, може да доведе до 
несакани ефекти врз работата и безбедноста 
на машината. Производителот ја отфрла сета 
одговорност во случај на штети, инциденти или 
повреди предизвикани од такви производи.
• Оригиналните резервни делови се 
набавуваат во сервисните центри или 
кај авторизираните застапници.
ВАЖНО Сите работи за одржување и регулација
коишто несе опишани во ова упатство треба да се
извршат кај застапникот или во овластен сервис.
7.2
ПОЛНЕЊЕ ГОРИВО
Ставете ја машината хоризонтално 
и стабилна на теренот.
Полнењето на гориво се прави со застаната
машина и со извадено капаче од свеќичката.
Извршете го полнењето на гориво согласно 
начинот и мерките на претпазливост посочени 
во упатството за работа со моторот.
Машините со можност за вертикално
одложување (поглавје 9.1.) имаат резервоар
за гориво со индикатор за ниво на гориво. Не
полнете го резервоарот над дното на индикаторот
за ниво (сл.21.A).
ВАЖНО Избегнувајте истурање бензин врз
пластичните делови на моторот или врз самата
машина за да се избегне оштетување и веднаш
исчистете ја секоја трага од бензин ако тој случајно
се излил. Гаранцијата не ги покрива оштетувањата
на пластичните делови предизвикани од бензин.
ЗАБЕЛЕШКА Горивото испарува и не
треба да се остава во резервоарот повеќе од
30 дена. Пред одложување на подолг период,
оставете малку гориво во резервоарот со што
ќе го завршите користењето (поглавје 9).
7.3
КОНТРОЛА / ДОПОЛНУВАЊЕ
МАСЛО ВО МОТОРОТ
Извршете ги контролата/дополнувањето на масло 
согласно начинот и мерките на претпазливост 
посочени во упатството за работа со моторот.
За да обезбедите правилна работа и долготрајна 
употреба на машината, редовно менувајте го 
маслото во моторот согласно посочените периоди 
во упатството за употреба за овој мотор.
Задолжително надополнете масло до посоченото 
ниво пред повторно да ја користите машината.
7.4
ЧИСТЕЊЕ
MK - 10
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Mp2 554 serieMp2 504 roller serieMp2 554 roller serieTwinclip 50 sve-r bTwinclip 50 sveq bTwinclip 50 sq h ... Mostrar todo

Tabla de contenido