Bosch GLL 2-50 Professional Manual Original página 138

Ocultar thumbs Ver también para GLL 2-50 Professional:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 25
OBJ_BUCH-817-007.book Page 138 Monday, July 4, 2016 6:35 PM
138 | Македонски
Деактивирање на автоматиката за исклучување
Мерниот уред автоматски се исклучува по 30 мин. работа.
За да ја деактивирате автоматиката на исклучување, при
вклучување на мерниот уред, држете го притиснато
копчето за начин на работа 4 3 с. Доколку автоматиката за
исклучување е деактивирана, ласерските линии кратко
трепкаат по 3 с.
 Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
За да го активирате автоматското исклучување, исклучете
го мерниот уред и повторно вклучете го (без да биде
притиснато копчето за начин на работа 4).
Начини на работа (види слики A–D)
Мерниот уред има три начини на работа, кои може да ги
промените во било кое време:
– Хоризонтален режим „–": создава хоризонтална
ласерска линија
– Вертикален режим „l": создава вертикална ласерска
линија
– Режим на вкрстени линии „+": создава хоризонтална и
вертикална ласерска линија.
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во режим со
вкрстени линии. За да го смените начинот на работа,
притиснете на копчето за начин на работа 4.
Сите три начини на работа може да се изберат со и без
автоматика за нивелирање.
Импулсна функција
За работење со ласерски приемник 21 мора –, независно
од избраниот начин на работа –, да биде активирана
импулсната функција.
При активирана импулсна функција, ласерските линии
трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се
најде ласерскиот приемник 21.
За да ја вклучите импулсна функција, притиснете го
копчето 3. При вклучена импулсна функција приказот
свети 2 зелено.
За човечкото око видливоста на ласерските линии е нама-
лена доколку е вклучена импулсната функција. За рабо-
тење без ласерски приемник, исклучете ја импулсната
функција со одново притискање на копчето 3. Кога е
исклучена импулсната функција, се гаси приказот 2.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање (види слика C)
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога или прицврстете го на обичен фото статив.
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција
on".
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање ±4°. Штом ќе
престанат да трепкаат ласерските линии, мерниот уред е
изнивелиран.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 4°
1 609 92A 27R | (4.7.16)
од хоризонталата, ласерските линии трепкаат. Во ваков
случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и
почекајте го самонивелирањето.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира автома-
тски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата
на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во
однос на референтните точки за да се избегнат грешки.
Работење без автоматика за нивелирање (види слика D)
За работење без автоматика за нивелирање, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција
on". При исклучена автоматика за нивелирање,
ласерските линии континуирано светат.
При исклучена автоматика за нивелирање, мерниот уред
може да го држите слободно во рака или да го поставите на
навалена подлога. Во режимот со вкрстени линии, двете
ласерски линии повеќе не поминуваат принудно верти-
кално една кон друга.
Точност при нивелирање
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено
температурните разлики кои се движат од подот нагоре
може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи температурните разлики се најголеми во близина
на подот, мерниот уред треба да се монтира секогаш на
статив почнувајќи од мерната линија од 20 м. Доколку е
возможно, поставувајте го мерниот уред во средината на
работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како напр.
падови или јаки потреси). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на висините како и нивелира-
њето на хоризонталната ласерска линија, а потоа точноста
на нивелирањето на вертикалната ласерска линија.
Доколку, при некоја од проверките, мерниот уред го
пречекори максималното мерно отстапување, дајте го на
поправка во сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на висината на хоризонталната
линија
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
5 м на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
еден статив или поставете го на цврста, рамна подлога.
Вклучете го мерниот уред. Изберете го режимот на
вкрстени линии со автоматиката за нивелирање.
A
5 m
B
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido