•
Некои безжични уреди може да влијаат врз работата на помагалата за слушање или пејсмејкерите. Контактирајте со давателот на
услугата за повеќе информации.
•
Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува растојание од најмалку 15 cm помеѓу уредот и пејсмејкерот за да се спречи
потенцијална интерференција со пејсмејкерот.
•
Ако користите пејсмејкер, држете го уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и не носете го уредот во предниот џеб.
•
Почитувајте ги локалните закони и прописи додека го користите уредот. За да го намалите ризикот од незгоди, не користете го
безжичниот уред додека возите.
•
За да спречите оштетување на деловите од уредот или внатрешните електрични кола, не користете го во прашлива, зачадена, влажна
или нечиста околина или во близина на магнетни полиња.
•
Не користете го, не складирајте го и не пренесувајте го уредот на места каде што се складираат запаливи материјали или експлозиви (на
бензинска пумпа, склад за нафта или хемиски погон, на пример). Користењето на уредот во таква средина го зголемува ризикот од
експлозија или пожар.
•
Фрлете ги уредот, батеријата и додатоците според локалните прописи. Не треба да се фрлаат во нормалниот отпад од домаќинствата.
Неправилната употреба на батериите може да предизвика пожар, експлозија или други опасни ситуации.
•
Ако батеријата протече, внимавајте електролитот да не дојде во директен контакт со кожата или очите. Ако електролитот дојде во допир
со кожата или ви прсне во очите, веднаш исплакнете со чиста вода и консултирајте се со доктор.
•
Безжичните уреди може да му пречат на системот за летање на авионите. Не користете го уредот на места каде што не е дозволено
користење безжични уреди според прописите на авиокомпанијата.
•
Исклучете го безжичниот уред секогаш кога ќе се побара од вас од персоналот на аеродромот или од екипажот во авионот. Консултирајте
се со персоналот на екипажот во авионот околу користењето безжични уреди во авионот, а ако вашиот уред има „авионски режим", тој
мора да биде овозможен пред да влезете во авионот.
•
Заштитете го уредот за носење и неговите додатоци од силен удар, силни вибрации, гребаници и остри предмети, бидејќи тие може да го
оштетат уредот.
•
Малку разлабавете го ремчето во текот на денот за да овозможите дишење на кожата. Ако почувствувате неудобност додека го носите
уредот за носење, извадете го уредот и оставете го зглобот да се одмори. Ако сѐ уште чувствувате неудобност, извадете го уредот за
носење и консултирајте се со доктор што е можно побрзо. Исто така, може да купите ремчиња направени од други материјали и со разни
дизајни од официјалната веб-локација на Huawei.
•
Уредот е тестиран и покажа отпорност на вода во одредени околини.
•
Уверете се дека адаптерот за напојување ги исполнува барањата од IEC/EN 62368-1 и дека е тестиран и одобрен според националните
или локалните стандарди.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
•
Овој уред има мала батерија во вид на паричка или копче. Не проголтувајте ја батеријата затоа што тоа претставува опасност од хемиски
изгореници.
•
Ако малата батерија во вид на паричка или копче се проголта, може да предизвика тешки внатрешни изгореници за само 2 часа и може
да доведе до смрт.
•
Чувајте ги новите и искористените батерии подалеку од деца. Ако делот за батеријата не се затвора добро, престанете да го користите
производот и чувајте го подалеку од деца. Ако мислите дека батериите можеби се голтнати или се ставени во некој дел од телото,
веднаш побарајте медицинска помош.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата значат дека производите и батериите треба да се однесат во посебни
места за собирање отпад одредени од локалните власти по крајот на работниот век. На тој начин ќе се обезбеди дека отпадот од
електричната и електронската опрема ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува
здравјето на луѓето и околината. За повеќе информации, контактирајте со локалните власти, продавачот или службата за фрлање на
отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата https://consumer.huawei.com/en/.
Намалување на опасните супстанции
Овој уред и неговите електронски додатоци се во согласност со применливите локални правила за ограничување на употребата на
одредени опасни супстанции во електрична и електронска опрема, како што се регулативата EU REACH и директивите RoHS и Батерии (каде
што се вклучени). За изјави за сообразност за REACH и RoHS, посетете ја веб-локацијата https://consumer.huawei.com/certification.
Барања за изложување на радиофреквенции
Уредот е радиопредавател и радиоприемник со ниска моќност. Како што се препорачува со меѓународните насоки, уредот е дизајниран да
ги почитува ограничувањата што важат на пазарот на којшто ќе се продава.
Усогласеност со прописите на ЕУ
Со овој документ, Huawei Device Co., Ltd. изјавува дека овој уред KIM-B19 е во согласност со следниве Директиви: RED 2014/53/ЕУ, RoHS
2011/65/ЕУ. Целиот текст на Декларацијата за усогласеност на ЕУ и најновите информации за додатоци и софтвер се достапни на следнава
интернет-адреса: https://consumer.huawei.com/certification.
Фреквенциски опсези и моќност
Фреквенциски опсези на работа на радиоопремата: некои опсези може да не се достапни во сите земји или сите области. Контактирајте со
локалниот оператор за подетални информации.
Bluetooth 2.4GHz: 5.5 dBm.
Одете до Нагодување > За верзијата > Регулаторни информации (Settings > About > Regulatory information) на уредот за да го
погледнете екранот E-label.
37