ST HT 20 Li B Manual De Instrucciones página 282

Cortasetos portátil con alimentación por batería
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 143
8.1
ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА
Кога машината треба да се одложи:
1. Извадете ги батеријата од лежиштето;
2. Со застанат уред со сечивото, ставете ја
заштитата на сечивото;
3. Оставете моторот да се излади пред да се остави
машината во која било просторија;
4. Исчистете ја машината (пасус 7.3);
5. Проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е потребно, заменете ги
оштетените делови и затегнете ги разлабавените
шрафови и навртки или контактирајте со
овластен сервисер;
6. Одложете ја машината:
– во сува просторија;
– и засолнета од лоши временски услови;
– и на место надвор од дофатот на децата;
– уверувајќи дека сте ги тргнале клучевите и
опремата што ја користевте при одржувањето.
7. Машината може да се закачи на ѕидот
(Сл. 14.I - II).
ЗАБЕЛЕШКА Осигурајте се дека ѕидот може да
издржи товар од најмалку 20 kg.
8.2
ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Полнење.(пасус 7.2.2).
Батеријата мора да се чува во затворени простории
без влага, на температура помеѓу:
0°C - 60°C до 1 месец
0°C - 45°C до 3 месеци
0°C - 25°C до 1 година
ЗАБЕЛЕШКА Ако нема да ја користите подолг
период, полнете ја батеријата секои два месеца за да
ѝ се продолжи рокот на употреба.
9. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секогаш кога е потребен пренос или транспорт на
машината потребно е:
– Запрете ја машината (пасус 6.5);
– Проверете дали сите подвижни делови се
целосно запрени;
– Извадете ги батеријата од лежиштето;
– Носете заштитни ракавици;
– Со застанат уред со сечивото, ставете ја
заштитата на сечивото;
– Фатете ја машината само за држачите и насочете
го уредот за сечење во правец спротивен од
насоката на движење;
– Осигурајте се дека движењето на машината
не предизвикува оштетување или повреда.
Кога ја носите машината со возило:
– поставете ја на начин да не претставува опасност
за никого.
– Обезбедете ја соодветно машината со помош на
јажиња или синџири.
10. ПОМОШ И ПОПРАВКА
Ова упатство ги претставува сите неопходни
индикации за управување со машината и за правилно
одржување што ги извршува корисникот. Сите
интервенции за приспособување и одржување што
не се опишани во ова упатство мора да се извршат
од страна на вашиот продавач или во специјализиран
центар. Сите операции што се изведени на
несоодветен начин и од неквалификувани лица
придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција
и секој облик на обврска на производителот.
• Резервните делови и дополнителната опрема
коишто не се одобрени, употребата на резервни
делови
и дополнителна опрема коишто не
се оригинални ја нарушуваат безбедноста на
машината и го ослободува производителот од
секоја обврска или одговорност.
• Оригиналните резервни делови се набавуваат
во сервисните центри или кај авторизираните
застапници.
11. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА
Гарантните услови се наменети само за потрошувачи,
односно непрофесионални оператори.
Гаранцијата ги покрива сите дефекти на материјалот
и квалитетот на производството констатирани во
текот на гарантниот период од вашиот дилер или
специјализиран центар.
Примената на гаранцијата е ограничена на поправка
или замена на компонентата која се смета за
неисправна.
Препорачуваме да ја однесете машината еднаш
годишно во овластен сервис за одржување, помош и
контрола на безбедносните уреди.
Примената на гаранцијата е предмет на редовно
одржување на машината.
Гаранцијата не покрива штети кои произлегуваат од:
Непознавање на придружната документација
(Упатство за употреба).
• Професионална употреба.
• Невнимание.
• Виша сила (молња, удари, присуство на туѓи тела во
машината) или несреќа.
• Употребата и монтирањето не се соодветни на
конструкцијата.
• Лошо одржување.
• Модификација на машината.
• Употреба на неоригинални резервни делови
(прилагодливи делови).
• Се користи дополнителна опрема која не е
одобрена ниту доставена од производителот.
MK - 12
loading