подесување (3) наназад, додека нема веќе меѓупростор
на погонското куќиште и не слушнете да се вклопи. Битот
за завртување (1) сега јасно се гледа. Електричниот алат
е подготвен да олабавува или одвртува завртки.
Притиснете го прекинувачот за правец на вртење (5) на
левата страна на електричниот алат наназад (т. е. обратно
од предната страна на алатот). Прекинувачот за правец
на вртење (5)десната страна на електричниот алат
автоматски се поместува нанапред. Вклучете го
електричниот алат.
Напомена: Олабавувањето завртки може да се направи
со целосно вадење на реверзибилниот граничник за
длабочина (4).
Реверзибилниот граничник за длабочина (4) не може да
се повлече ако чаурата за подесување (3) се наоѓа во или
над позицијата MAX.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот алат. При големо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на
температура за батеријата се намалува бројот на вртежи.
Дури по постигнувањето на дозволената температура на
батеријата, електричниот алат повторно работи со полн
број на вртежи.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
Совети при работењето
Држач за појас
Со држачот за појас (15) може да го закачите
електричниот алат на пр. на ремен. Така двете дланки ќе
ви бидат слободни, а електричниот алат ќе го имате на
дофат во секое време.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
Bosch Power Tools
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата
и амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и
батериите во домашната канта за ѓубре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската регулатива 2012/19/EU
електричните апарати што се вон употреба и дефектните
или искористените батерии според регулативата
Македонски | 143
1 609 92A 6HJ | (23.09.2021)