Bosch 0 601 9K7 000 Manual Original página 142

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 22
142 | Македонски
Прекинувачот за менување на правецот на вртење (5)
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија (7) вметнете ја во
рачката, додека не се вклопи и не легне рамно во
рачката.
Подесување правец на вртење (види слики E–F)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (5)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (12) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: Притиснете го прекинувачот за правец
на вртење (5) на левата страна на електричниот
алат во правец кон предната страна на алатот.
Прекинувачот за правец на вртење (5)на десната
страна на електричниот алат автоматски се
поместува наназад.
Лев тек: Притиснете го прекинувачот за правец на
вртење (5) на левата страна на електричниот алат
наназад (т. е. обратно од предната страна на
алатот). Прекинувачот за правец на
вртење (5)десната страна на електричниот алат
автоматски се поместува нанапред.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(12) и држете го притиснат.
LED-светилката свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (12) е напола или целосно
притиснат и овозможува осветлување на местото на
завртување/одвртување при неповолни светлосни
услови.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (12) притиснете го копчето за
фиксирање (6).
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (12) одн.
доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (6),
кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (12) и потоа отпуштете го.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (12).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (12) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Завртување завртки
За завртување завртки ставете ја завртката на битот за
завртување (1). Завртката се држи со помош на магнет
на универзалниот држач на битови (14). Притиснете го
прекинувачот за правец на вртење (5) на левата страна
на електричниот алат во правец кон предната страна на
1 609 92A 6HJ | (23.09.2021)
алатот. Вклучете го електричниот алат и притиснете го
врвот на завртката силно кон делот што се обработува.
Завртката се завртува до достигнување на поставената
длабочина на завртување во делот што се обработува.
Реверзибилниот граничник за длабочина (4) го допира
делот што се обработува и погонот се исклучува;
универзалниот држач за битови (14) веќе не се врти.
Проверете ја длабочината на завртување и ев. подесете
го реверзибилниот граничник за длабочина (4).
Подесување на длабочината на завртување
(види слика B)
Со чаурата за подесување (3)може да се избере
длабочината на завртување на главата на одвртувачот во
делот што се обработува.
Свртете ја чаурата за подесување (3) во
позиција на вашата сакана длабочина на
завртување. Бројот на скалата (видлив на
работ на чаурата за подесување (3)) може
да се користи како појдовна точка за вашата
сакана длабочина на завртување.
Вртењето на чаурата за подесување (3) во
правец на стрелките на часовникот резултира со
поголема длабочина на завртување, а вртењето во
правец спротивен на стрелките на часовникот со помала
длабочина на завртување. Со завртување на чаурата за
подесување (3) преку позицијата MAX таа целосно се
отстранува од чаурата за затворање краеви (2).
Најдобро ќе подесите доколку направите пробно
завртување.
Режим PowerSAVE (види слика C)
Кратко притиснете на копчето за
вклучување/исклучување PowerSAVE (9), за
да го активирате режимот PowerSAVE. LED-
приказот PowerSAVE (11) светнува. Потоа
кратко притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (12) и блокирајте го со
притискање на копчето за фиксирање (6). Моторот
останува деактивиран/исклучен, дури и ако
прекинувачот за вклучување/исклучување (12) се
притисне. Сега малку притиснете го електричниот алат
кон делот што се обработува, за да го активирате
моторот.
Ако електричниот алат не се користи 30 минути, LED-
приказот PowerSAVE се гаси (11). За повторно да го
активирате режимот PowerSAVE, ослободете го
заклучувањето со кратко притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување (12). Потоа повторно
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (12) и заклучете го со копчето за
фиксирање (6). LED-приказот PowerSAVE (11) повторно
светнува.
Реверзибилен граничник за длабочина (види слика D)
За олабавување завртки насочете ги
стрелките на чаурата за подесување (3) и на
погонското куќиште на електричниот алат
едни кон други. Повлечете ја чаурата за
Bosch Power Tools
loading

Este manual también es adecuado para:

Gtb 185-li professional3 601 jk7 0